ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија против Исланд за прва победа и 15 место на ЕП!

Женската кадетска репрезентација на Македонија денес ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство во Црна Гора.

Кадетките на Македонија против Исланд ќе се борат за 15 место на кадетскиот континентален собир.

Избраничките на Кристијан Грчевски во досегашниот тек од настапот на Европското првенство претрпеа шест порази.

Македонија во групната фаза беше убедливо поразена од Романија, Унгарија и Франција, потоа следуваа поразите од Норвешка, Португалија и Швајцарија.

Европското кадетско првенство, како и Светското кадетско првенство во машка конкуренција, завршува утре.

Натпреварот меѓу островската земја и Македонија ќе започне со почеток од 11:15 часот.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Владата денеска одлучува дали ќе пиеме поевтини сокови и алкохол

Владата денеска треба да донесе одлука за намалување на...

Даниловски до Комисијата за заразни болести: Дали сте бре нормални?

Докторот Драган Даниловски на својот фејсбук профил и се...

24 СЕДМЕРЕЦ: Модифицирано | 24 РАКОМЕТ

Ваучерот од 2024 ќе го нема...

Енрике вели повредата на Мбапе не е многу сериозна, но болката му отежна да игра

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике, проговори за повредата...