Дигитализацијата е ставена на страна, важни се дигитроните за провизии?

Колумна на Никола Тасев: 

Власта се уште е во набој од сопствениот циркус „владина реконструкција“. Мислат дека добро одработија, дека многу се засилија. И еве премиерот Ковачевски, како Крали Марко, како спасител гордо галопира по социјалните мрежи и со многу скапо платени постови вели: Имаме дури еден пратеник повеќе. Браво, ќе не биде!

А за тоа време има наши граѓани кои секојдневно ги проверуваат празните сметки, додека кредитите и другите обврски им чукаат на глава. Оти слушнав дека Фондот за здравство се уште комплетно не ги исплатил своите обврски кон корисниците за претходниот месец. Ама не слушнав деновиве некој од власта да зуцне нешто за тоа. Заборавија на таа афера. Си имаат тие премногу други проблеми за да го мислат ова, за нив, неважно прашање. Владата треба да се спасува!

А заборавија да кажат и како го решија проблемот и што е особено важното: дали решението е трајно. Да не гледаме реприза следниот месец во ФЗО или во некоја друга државна институција. Единствено што слушнав е дека владата донела одлука сите државни институции да ги засилат мерките за безбедност на своите информатички системи. Тоа е во ред, но на кратки патеки – долгорочно е многу погрешно. Оти грешка е секоја институција да има свои системи, свои апликации и свои безбедносни заштити. Особено е погрешно ако одделните системи на државните институции “не комуницираат“ меѓу себе. Затоа на Македонија најитно и треба едно централно депо за чување на податоци преку изградба на државен дата центар за сите државни органи. Со единствен заштитен систем, несоборлив за никого. Тие податоци се срцето на државата. И како што се чуваат државните пари во Народна Банка, така треба и државните податоци да се чуваат овој дата центар. Трезорски зад големи железни врати и со најсилните антихакерски системи во светот.

Тоа е основата за дигиталната трасформација на државата, која започна пред десетина години. Прилично многу се направи на тоа поле, предничевме пред соседите, ама последните неколку години дигитализација е ставена во лер или да бидам пореален малку во прва, малку во втора, застани, па рикверц….. Дали можеби дигитализацијата е ставена на страна оти сега се поважни дигитрончињата за пресметка на провизии?

Еве хакерскиот напад на ФЗО нека им биде поттик дека под итно е потребно дигиталната трансформација да продолжи. Но мислам дека што и да напишам, нема да ја сфатат пораката. Оти не е само дигитализација заглавена, туку и многу други битни процеси и реформи во државата се закочени, а тие во власта се премногу зафатени со себе. Како да очекуваме некој дигитално да не трансформира, ако не е способен за 3 години автопат од 4 км да реконструира?  

Затоа овие треба да си заминат и да дојдат нови луѓе, свесни дека дигитализација не е само потреба на државата, таа е нужност без која нема реформи, нема развој, нема иднина и нема реформа. А има: поголема ефикасност, помали трошоци, минимизирање на корупцијата, задоволни граѓани… Но една од најголемите придобивки од дигитализацијата е реформата на администрацијата и нејзино намалување. Со децении сите партии кога се во опозиција, како еден од главните приоритети го ставаат ова, но кога ќе дојдат на власт го забораваат. 

Да се разбереме тоа не значи веднаш отпуштање на вработените во државните институции, оти дигитализацијата е процес што ќе трае барем десетина години. И тоа не значи дека наместо луѓе на шалтерите ќе седат роботи што ќе лепат маркици, ќе чукаат печати и ќе принтаат документи. Туку значи намалувањето преку природен процес на заминување во пензија и преквалификација. А за тоа време ќе се замрзнат новите вработувања.

Е затоа треба единство од сите – да си дадат збор дека која и да е партија на власт во следните години ќе се запне со вистинска дигитализација. Бустирањето за пари на пропаднати твитови и фејсбук пораки не е дигитализација.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Висла Плоцк пружи силен отпор, но „светците“ се блиску до четвртфинале во ЛШ

Полскиот вицепрвак Висла Плоцк пружи силен отпор против...

Џатевска без грешка во дуелот против Будаорш

Македонската репрезентативка Ивана Џатевска и нејзиниот тим Кишварда...

Дарко Димитриевски има нов клуб

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски и во наредните две...

Коралес ја „спушти“ ролетната – Веспрем со лекција за ПИК Сегед

Ракометарите на Веспрем славеа на првиот осминафинален дуел...