Дрогришки: Потребно е време да се воиграме, ветувам голема борба на следните дуели

Домаќинот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“, тимот на Охрид загуби во првото коло од групната фаза од вицепрвакот на јужниот сосед Олимпијакос со 34-31.

Иако Охрид доживеа пораз, сепак, пружи силен отпор на фаворизираниот ривал и покажа дека има квалитет за високи дострели.

Средниот бек Стефан Дрогришки истакна дека на неговиот тим му е потребно време да се воигра.

,,Пред сѐ, мислам дека вината за поразот треба да ја бараме во нашите грешки, се гледа дека сме нова екипа, ни е потребно време да се воиграме, да знаеме кој за што е задолжен. Ние се надевавме на победа против Олимпијакос и одевме на победа, но и Олимпијакос е една квалитетна екипа и заслужено се израдуваа на победа. Пред турнирот се договоривме да одиме на победа на секој меч, можам да ветам само голема борба и дека ќе го дадеме максимумот на следните дуели од турнирот. Мислам дека Охрид оди на едно повисоко ниво, секоја пофалба за организацијата на клубот, со сите инволвирани лица во овој проект, може да одиме чекор напред и тоа ќе го докажеме”, изјави Дрогришки.

Охриѓани денес со почеток од 13:15 часот ќе се соочат со младиот состав на Голден Арт.

ОХРИД 2023: Домаќинот му пружи голем отпор на фаворизираниот Олимпијакос, но загуби на стартот

Повеќе детали за турнирот во Охрид 2023, вести, табели, резултати, претставување на екипите, распоред на натпреварите,… ќе можете да најдете во делот посветен за турнирот на www.24rakomet.mk во главното мени на страната што ќе биде активен во вторник на 22 август 2023.

.

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Соиграч на Филип Талески пред преселба во Партизан

Тимот на Партизан за следната сезона создава тим...

Фуксе Берлин по долга пауза се враќа во европската елита

На неколку кола пред крајот во најквалитетната лига...

Не го однесе клубот на Ф4 во ЛШ, па си заработи отказ

Скапиот проект на ЧСМ Букурешт петта сезона по...

Три екипи во битка за директен опстанок во елитата

Утре со натпреварот меѓу Скопје и Мулти Есенс...