Еден час подолго на власт

Петар Поп Арсов

Приказната за летното сметање на времето започнува некаде во САД за време на Првата светска војна кога било воведено во обид да се намали потрошувачката на енергија. Целта на ваквиот потег била да се намали потрошувачката на струја за осветлување, не за затоплување. Во тоа време немале штедливи сверилки ниту пак инвертер клими, па фокусот бил ставен на осветлувањето. По завршувањето на војната, овој модел на пресметка на времето бил напуштен, веројатно поради потребата од нормално функционирање на човекот засновано на биолошкиот часовник. Набргу потоа повторно, за време на Втората светска војна, во услови

кога залихите на гориво биле при крај, овој модел бил повторно воведен.
Навистина Првата и Втората светска војна се недвосмислено важни историски одредници кои го определиле севкупниот светски поредок кое што го прави особено интересно сознанието дека дебатите и одлуките за тоа дали треба или не треба ваков модел на пресметка на времето се случувале токму во времето на
светските војни.
Да се надеваме дека дебатата и одлуката за начинот на сметање на времето кои што се присутни деновиве кај нас и во Европа нема да имаат никаква врска со нова светска војна или поширока ескалација на онаа која што веќе ја имаме. Да веруваме дека оваа дебата е мотивирана само од онаа одлука на Европскиот парламент од 2019 година, со која се бара од членките на ЕУ да ја променат двојната формула на пресметка на времето почнувајќи од 2021 година и да изберат само летно или само зимско сметање на времето. Тоа беше одлука која
никогаш не доби финална разрешница. Некои велат ковид кризата е главната причина, додека други сметаат дека во Европа има многу поважни прашања од начинот на сметање на времето. Ваквата одлука беше донесена во време кога во Европа имаше гас, нафта, струја, а немаше војна.
Сега е „малку“ поинаку. Но, подобро е да веруваме дека секоја паралела и поврзаност на војната со начинот на сметање на времето е неоснована. Да се надеваме дека се ќе биде во ред макар изгледале како ноеви со главата забиена во песокта.
Времето е единствената константа која што ја имаме во животот. Ниту можеме некаде да го пронајдеме или заработиме. Не можеме да го добиеме на подарок, да го освоиме на сила или пак едноставно да го украдеме доколку имаме и такви афинитети. Колку што ни е пишано, толку е. Ниту повеќе, ниту помалку.
Оној кој што доцни, тој што го чекаме, што го злоупотребува и троши нашето време, буквално троши дел од нашиот живот. Времето не чека никого без разлика на тоа дали на него гледаме како на апсолутна или релативна величина или пак го мериме во минути, часови, денови и години или пак… го пресметуваме според
летното или зимското сметање на времето.
Токму ова последното е најмалку важното нешто поврзано со времето. И баш токму тоа, најневажното нешто е во наша моќ. Што е, тука е. Ако не можеме да го контролираме и моделираме, добро е барем што можеме да го мериме и пресметуваме, без разлика дали тоа било летно или зимско.
Доколку не се менуваше времето, половина од нас ќе немаа за што да зборуваат. Некои ќе немавме тема за да напишеме некаков текст, статус или можеби уште една колумна плус. Некои пак ќе немаа можност да поспијат уште еден час повеќе уживајќи во единствениот ден во годината кој што трае 25 часа.
Владата пак ќе немаше можност да направи опсежни анализи кои траеа цели пет- шест дена (без викенди и државни празници), ниту пак ќе имаше можност за носење на „сериозна“ одлука базирана на „уште посериозни“ анализи. Анализи за кои што можевме да слушнеме по телевизиските вестите од типот „Владата се
консултирала со МАНУ и од таму најверојатно и потврдиле дека во недела повторно ќе треба да се поместат стрелките на часовникот.“ Најверојатно е клучензбор во целата научна анализа.
Инаку министерот Бектеши и неговиот ресор за економија беа задолжени да направат анализа за економските аспекти и можните заштеди на енергенси во случај да се применува едната или другата варијанта на пресметка на времето.
Бектеши требаше да ги заврши анализите до минатиот петок, но тој решил да се консултира со МАНУ, Бирото за метеорологија и стопанството кои во вторник попладне, после продолжениот празничен викенд, најверјатно му ги изложиле своите научни и практични заклучоци.
Таква беше првичната информација која подоцна беше поткрепена со „сериозни“ аргументи дека со анализата било воочено дека задржувањето на летното сметање на времето ќе предизвика зголемена потрошувачка на топлинска енергија од 1,5 – 3,5 проценти за грејната сезона.
Во ред. Враќањето на стрелките на часовникот нема да донесе некои големи заштедите, но сепак се некакви заштеди и тука нема место за приговор. Одлуката на владата не е спорна. Спорен е начинот, сериозноста и брзината на анализите со кои било дојдено до наведените резултати. Анализата на евентуалните заштеди треба да ги опфати сите, не само државните институции. Треба да ги опфати и граѓаните и нивниот индивидуален интерес, вклучително и нивните енергетски заштеди доколку ги има. Не е во ред владата својата неспособност за управување со државата да ја маскира со некакви незначителни или фиктивни заштеди, да се прикажува како штедлива, а од друга страна да не води никаква грижа и да остава нерегулиран простор и дивеење на цените на одредени енергенси, како цената на пелетите на пример. Не е во ред методологијата за
пресметувањето на времето да се користи како пропагандна алатка која треба да ја прикаже владата како одговорна и домаќинска и како влада која демек покажува некаков особен интерес за штедење. Да потсетиме, тоа е истата власт која минатата година дозволи да изгорат хектари и хектари шума. Дрвна маса која сега
не е ставена во функција на сиромашните граѓани како ресурс за затоплување. Напротив, го користи ресурсот на исклучително сомнителен и криминален начин за остварување на енормни профити преку класично „воено профитерство“ и „дерење“ на граѓаните кои користат пелет и огревно дрво.
Нема да биде во ред и доколку се покажат како точни гласините дека училиштата и факултетите ќе прекинат со настава со физичко присуство и ќе продолжат со онлајн настава во студените зимски денови. Мерката за овозможување на образовните институции да бидат ставени на регулиран пазар и да плаќаат струја
по пониска цена е добра, но дали ќе биде доволна за непречено да се одвива наставата, ќе видиме. Во најмала рака можам да кажам дека се сомневам и воопшто не сум оптимист.
Се прашува ли некој во владата кој ќе ја плати енергијата за дополнително загревање на посебните простории за учениците и наставниците за наставата во домашни услови? Има ли владата анализа колку пари ќе го чини секое семејство непреченото и квалитетно следење на наставата во посебна просторија која дополнително треба да се загрева доколку ги затворат училиштата. Го пресметува ли некој овој параметар во вкупниот материјален биланс на општи и лични заштеди на граѓаните или тоа пак ќе биде некоја одлука која што ќе се базира на анализи од пет-шест дена?
Што се однесува до тоа какво е влијанието на летно-зимското пресметување на времето врз квалитетот на животот на граѓаните, некаде дефинитивно се правени вистински и опсежни анализи. На пример во Германија.
Имено, анализите во Германија говорат дека примената на летното сметање на времето донесува одредена заштеда на енергија во потоплите месеци, не и во студените. Во зима секако дека е потребно затоплување, без оглед на начинот на сметање на времето, освен ако не се прават наменски рестрикции поради конкретна причина и заради конкретна заштеда. Таквите рестрикции немаат врска со зимското или летното сметање на времето. Вообичаеното поместување на стрелките за еден час ја намалува само потрошувачката за осветлување, кое што реално е прилично мала и речиси незабележлива заштеда за германците.
Од друга страна, дневната светлина, а особено сончевите зраци се „главните тајмери“ на биолошкиот часовник на човекот и исклучително важни за ритамот на будење и спиење. Според германските експерти, токму зимското сметање на времето најдобро се вклопува со ритамот на биолошкиот часовник на човекот. Со
промената кон летно сметање се заканува недостаток на сон, недостаток на концентрација, намалена продуктивност и води кон зголемен број на сообраќајни и други несреќи.
Убаво кажано. Убаво сиже на една најверојатно сериозна и сеопфатна анализа. Така велат анализите во Германија. Македонија на глобусот е токму еден час пред Германија и германското зимско сметање на времето е еквивалент на македонското летно сметање.
На паметниот му е доста.
Сето останато во врска со прашањето за зимското и летното сметање на времето и отворањето на оваа тема токму сега е само обичен театар во функција на пропаганда. Пропаганда и PR на една расипничка влада која сака да се претстави како одговорна и домаќинска. Враќањето на стрелките на часовникот, кое и без
силните „анализи“ ќе се случеше по инерција, нема да донесе ништо друго освен еден час подолго владеење на оваа власт.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Драчево со гол од пенал ги освои бодовите против Младост Богданци

Ракометарите на Драчево на свој терен успеаја да...

Веспрем повторно му одржа лекција на ПИК Сегед

Екипата на Веспрем денеска уште еднаш му покажа...

Магдебург гази се пред себе – на чекор до титула во Германија

Во дерби дуелот од 29. коло во Бундес...

Ustavni sud se ponio kukavički

POSTIZBORNI cirkus ulazi u svoj...