Фарски Острови загубија од Иран, Шведска броеше до 62 против Бурунди

Во текот на вчерашниот ден беа одиграни дел од натпреварите од второто коло на Светското кадетско првенство во Хрватска.

Репрезентацијата на Иран, која во првото коло одигра реми со Шведска, успеа да ги совлада Фарски Острови со 29:27.

Иако островската земја имаше 13:9 на полувреме, сепак, кадетите на Иран со подобрата игра во вторите 30 минути дојдоа до важна победа, со која остануваат во игра за втората фаза.

Шведска во дуелот со Бурунди немаше никаков проблем и ја оствари најубедливата победа досега на Светското првенство, триумфираше со 62:16.

Во рамки од групата Х, репрезентациите на Шведска и Иран имаат по 3 бода, потоа следуваат Фарски Острови со 2 бода и на последното место е Бурунди без бодови.

Фарски Острови во последното коло одат на мегдан со Шведска, додека Иран ќе игра против Бурунди.

Египет со победата над Чешка од 28:22 обезбеди пласман меѓу најдобрите 16 кадетски репрезентации на светот. Пласман во следната фаза обезбедија и Германија и Шпанија.

Светско кадетско првенство, резултати, 2. коло:

САД – ГЕРМАНИЈА 15:46 (7:21)

ЧЕШКА – ЕГИПЕТ 22:28 (8:14)

АРГЕНТИНА – САУДИСКА АРАБИЈА 29:29 (13:14)

ИСЛАНД – ЈАПОНИЈА 35:28 (13:10)

БУРУНДИ – ШВЕДСКА 16:62 (4:31)

БАХРЕИН – ШПАНИЈА 18:29 (8:15)

ФАРСКИ ОСТРОВИ – ИРАН 27:29 (13:9)

ЈУЖНА КОРЕЈА – БРАЗИЛ 30:31 (15:16)



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија на тежок испит против силната Шпанија

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска им се...

Дневен хороскоп за четврток, 29-ти февруари 2024-та

ОВЕННе ризикувајте да се потпирате на чудо што ќе...

Ангеловски: Алборг ни покажа зошто со Кил се најдобрите екипи во групата

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на последниот домашен натпревар...

Пешевски: Го одигравме најдоброто прво полувреме, но отворивме лошо во вториот дел

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на последниот домашен натпревар...