Мојсоски по 22 години се врати дома, Струга се пофали со новите засилувања (ФОТО)

Ракометарите на Струга денеска ги започнаа подготовките за новата натпреварувачка сезона во Суперлигата. Меѓу новите имиња е искусното десно крило Златко Мојсоски, кој по 22 години се враќа во матичниот клуб.

Тој во 2001 година замина во Пелистер, потоа играше за Охрид, Вардар, Металург, ВВ Тиквеш, Прилеп, Работнички, Еурофарм Работник и последно во Бутел Скопје каде мина пет сезони.

Како што одамна најави 24Ракомет, покрај искусниот Мојсоски, Струга се засили со уште двајца ракометари со долгогодишно суперлигашко искуство – Велко Маркоски, кој се враќа по шестмесечниот престој во Вардар и Јовица Младеновски, кој последните пет сезони играше за Бутел Скопје.

Покрај оваа тројка, стружани го донесоа и кружниот напаѓач Александар Тренчевски, кој исто така е повратник во тимот, како и десниот бек Мерис Бошњак, кој минатата сезона играше за Еурофарм Пелистер 2.

Од минатата сезона Струга ги задржа голманот Дејан Рикановиќ и средниот бек Петар Бугариновиќ, како и Бобан Савески. Тренерот Наум Танески ќе смета и на дел од прекомандуваните ракометари од младинските школи.

Струга ја напуштија интернационалците Богдан Ѓуровиќ и Урош Лазаревиќ, Никола Цветаноски, Петар Маркоски, додека Тодор Јанкуловски ја заврши кариерата.

Стружани означија старт на новата суперлигашка приказна



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ваљадолид се збогува со Дарко Димитриевски

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски во новата сезона ќе...

Хрватска со нов селектор против Македонија на ЕП

Младинската репрезентација на Хрватска ќе има нов селектор...