Гедбан не се плаши од конкуренција: Првиот ќе го турка напред вториот, тој третиот – сите ќе му помогнеме на тимот

„Да бидам искрен, кога си заминав од Македонија, сакав да се вратам и без сигурен дека ќе се вратам еден ден. Имав убав живот овде, имам пријатели многу вистински пријатели“, вели Калифа Гедбан во разговор за 24Ракомет. За Македонија го врзуваат многу емотивни спомени, и тука неговата сопруга останала бремена со синот Насер. Целото семејство сега е во Битола.

Последната пречка во ракометот пред топката да влезе во мрежата се голманите. Тие често знаат да бидат и „фактот х“ и да донесат стабилност и пресврт. По четири сезони, во Македонија се враќа алжирскиот репрезентативен голман Калифа Гедбан, кој сега ќе го брани голот на Еурофарм Пелистер.

Тој две сезони играше во Вардар, со кој се искачи на европскиот врв во 2019 година, но потоа направи трансфер во шпанскиот Адемар Леон. Таму бранеше една сезона, па следуваше нов предизвик во романскиот првак Динамо Букурешт, од каде што доаѓа во Битола.

Алжирскиот репрезентативец вели дека знаел дека еден ден одново ќе се врати во Македонија.

„Да бидам искрен, кога си заминав од Македонија, сакав да се вратам и без сигурен дека ќе се вратам еден ден. Имав убав живот овде, имам пријатели многу вистински пријатели“

Тој смета дека ова е само спорт и навивачите на Вардар ќе го поздрават, иако ќе брани за лутиот ривал.

„Иако доаѓам во најголемиот ривал на Вардар, во Еурофарм Пелистер, мислам дека навивачите ќе ме поздрават. Се работи само за спорт, имав избор да дојдам во Еурофарм Пелистер и среќен сум што доаѓам во Битола“

Гедбан вели дека во Македонија ги поминал најважните моменти во животот и кариерата.

„Овде имам пријатели кои ми се како семејство. Тоа беше уште еден мотив плус да дојдам во Македонија пак. Се чувствувам удобно овде, каде што ги поминав можеби најважните две сезони во мојата кариера, односно најубавите две години во животот.

Алжирецот посакува трофеи и со битолчани, како што освојуваше со скопјани.

„Се надевам дека со Еурофарм Пелистер ќе можам да го направам истото што го направив со Вардар и ќе освојувам титули. Атмосферата е одлична, некои играчи ги познавам од претходно, и мислам дека можеме да бидеме најдобри“

Негова конкуренција на голот се Урбан Лесјак и Марко Кизиќ, па битолчани ќе имаат навистина одлична голманска тројка.

„Тоа ќе биде поголема мотивација за сите тројца голмани, кои се одлични. Едниот ќе го турка напред вториот, вториот третиот…и сите ќе му помогнеме на тимот со нашите изданија“

Гедбан во Скопје имаше домашен миленик, кој повеќе не е со него, но сега во Македонија дојде со сопругата и синот, за кој е врзана интересна приказна.

„Јас го земав кучето кога живеев во Македонија и кога играв за Вардар, а потоа и во Шпанија кога бранев за Адемар Леон, но не можев понатаму да се грижам за него. Тоа остана со мои пријатели во Шпанија. Сега сум со моето семејство овде, имам син Насер, кој беше создаден во Македонија, но е роден во Шпанија. Мојата сопруга е Алжирка, таа нема конекции со спорт и ракомет, но и неа и се допаѓа да живееме овде“, заврши Гедбан.

Еурофарм Пелистер сезонава ќе игра во групата од ЕХФ лигата на шампионите, и во Битола ќе дојдат Алборг, ПСЖ, Кил, Колштад, ПИК Сегед, Кјелце и Загреб. Пелистерци се подготвуваат за новите искушенија што ги очекуваат сезонава.

Следете не на нашите канали на социјалните мрежи, на официјалната страница на Facebook, бидете дел и од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...

Николов и Начевски со голем предизвик – ќе судат дуели за титула во Саудиска Арабија!

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред...

Колумна: Мицкоски Versus Мицотакис – OhridNews

Абре таман сиромајот се фати на орото одма се...