ЃОРЧЕ КУП 2023: Познати групите и распоредот на силниот турнир – осум екипи за еден трофеј

Актуелниот македонски шампион Ѓорче Петров по третпат ќе го организира турнирот „Ѓорче Куп“, кој веќе прераснува во традиција.

Кон крајот на август, Ѓорче Петров ќе биде домаќин на уште седум екипи – четири од Србија, две од јужниот сосед на Македонија и уште една од нашата држава.

Во групата А ќе бидат Ѓорче Петров, Панорама, Бор и Црвена Ѕвезда, додека во групата Б се Вардар, Бекамент Аранѓеловац, ПАОК Солун и Железничар Инџија.

Утринските натпревари што ќе започнуваат од 09:00 и од 11:00 часот ќе се играат во салата „Христо Батанџиев“ во Волково, додека вечерните натпревари ќе се играат на отвореното игралиште „Камин Кама“ од 19:00, односно 21:00 часот.

По три дена разигрување по групи, на последниот ден од турнирот, 27 август (недела), во утринските термини ќе се играат полуфиналните средби (А1-Б2, Б1-А2), додека во вечерните термини ќе бидат дуелот за трето место и финалето.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Се ребрендираше Универзитетот Скопје – METRO.mk

Светски признанија, домашни награди, стипендии, магазин за успешните луѓе...

Пелистерци тренираа пред Кил, се посакува изненадување против „зебрите“ (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го одработија официјалниот...

Билик: Не сакаме да бидеме тимот што ќе се „сопне“ во Битола

Ракометарите на Кил утре против Еурофарм Пелистер...

Претседател на фудбалски клуб убиен по загубен меч

Колумбискиот фудбалски второлигаш Тајгрес соопшти денеска дека клупскиот претседател...