Ѓорѓески: Еурофарм Пелистер е фаворит, но и ние имаме свои шанси

Во дербито на 10. коло од плеј-офот во ракометната Суперлига екипата на Охрид го пречекува актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.

Голманот на охриѓани, Даниел Ѓорѓески, е свесен за силата на противникот, но најавува максимална пожртвуваност во борбата за бодови.

„Очекувам тежок натпревар за двете екипи, изедначен до самиот крај и нијанси да одлучуваат за победникот. Ова е клучен натпревар за двете екипи, бидејќи доколку ние победиме се приклучуваме во трката за титулата, и затоа ќе дадеме се од себе за да славиме. Еурофарм Пелистер е секако фаворит на овој дуел, но и ние имаме свои шанси и ако ни се пружи прилика ќе ги искористиме. Клучна ќе биде играта во одбраната, да ја затвориме нивната полуконтра, да не примиме лесни голови и мислам дека можеме да дојдеме до позитивен резултат“, изјави голманот на Охрид.

Ѓорѓески знае со какви играчи располага шампионот, но се надева дека со поддршката на навивачите можат да го изненадат фаворитот.

„Еурофарм Пелистер има квалитетни играчи на секоја позиција, се спремаме за сите подеднакво не би издвоил некој посебно. Ние во натпреварот влегуваме максимално мотивирано и како и на секој претходен така и на овој поддршката од „Рибарите“ ни е многу важна и ни е дополнителен мотив за да ги освоиме трите бода“, истакна чуварот на мрежата на Охрид.

Во досегашниот дел од сезоната Охрид и Еурофарм Пелистер одиграа два натпревари, еден во плеј-офот и еден во Купот, на кои поуспешни беа битолчани. Сепак, на првиот дуел одигран во Битола, охриѓани покажаа дека се рамноправен противник и во текот на целиот натпревар беа закана за пелистерци.

Натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер се игра на 21 април во спортската сала „Билјанини Извори“ со почеток од 19:00 часот.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Како јас ја разбирам „Македонија твоја“!? – Denesen.mk

Јованка КЕПЕСКА Македонија твоја ја разбирам како слободно дејствување и...

Македонецот не може да го поднесе погледот на секој што го прави немакедонец! – Denesen.mk

Бранко САРКАЊАЦ Сликајќи го портретот на граѓанинот на FYROM јас...

Human Rights and Environmental Abuses in Central Asia and Eastern Europe Threaten Green Transition

With the alarming acceleration of global heating, pressure is...