Кој повеќе ќе го празнува 1 Мај – работниците или неработниците?


Утре се празнува 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Тоа е празник на вистинските работници. Неработниците (а вработени) празнуваат секој ден.

Што мислите кој повеќе ќе празнува?

Туку, се гледа крајот на маките на вистинските работници. Партиите во изборната кампања им вети се и сешто. Дури се натпреваруваат меѓу себе кој повеќе ќе понуди. На пример дека од 600 до 800 евра ќе биде минималецот, дека над 1.000 евра ќе биде просечна плата, дека…

Фини ветувања. Со нив може да се оди во маркет и да се пазари?

Настрана иронијата, крајно време е за поголема сериозност кон оние кои чесно работат. Зголемените се трошоци за живот, а платите не се зголемуваат. Каде се потребните мерки за да се ублажи ова?

Квалитетните работници си заминуваат од Македонија. Дури и Србија и Црна Гора почнаа да биваат посакувана работна дестинација.

Ова, не ги загрижува властите, но и многумина од газдите на фирмите? Секој од нив треба да се потруди вистинскиот работник да биде соодветно вреднуван. Секако, и на работниците е вистински да работат.

Кога овие работи ќе се сменат, празнувањето на 1 Мај ќе биде многу посодржајна работа, а не како сега – синдикатот ќе каже ред очекувања, власта и газдите ќе дадат ред ветувања, а всушност…

ПС. Темата за вработените – неработници не е соодветна за празникот. Во друга прилика за нив…

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Македонскиот“ Коњалти ја освои бронзата во Турција

Екипата на Коњалти, во која настапуваат двете интернационалки...

Го елиминираа Ѓорче Петров и се на праг до титула

Тимот на Елче е на добар пат да...

Веспрем стигна до 31. Куп трофеј

Ракометарите на Веспрем успеаја да го одбранат Куп...

Загреб слави јубилејна 30 титула во Купот, Дибиров МВП на Ф4!

Тимот на Загреб без многу проблеми го освои...