Голден Арт со тројца новаци ги започна подготовките за новата сезона

Тимот на Голден Арт со четворица нови ракометари ги започна подготовките за претстојната суперлигашка сезона.

Тренерот Владимир Глигоров ќе смета на поголем дел од ростерот од минатата сезона, на кој се додадени левиот бек Тоше Ончев, голманот Димитар Бардакоски и левиот бек Владимир Наумоски.

Од вториот тим на Голден Арт во првата екипа се прекомандувани неколку млади ракометари, меѓу кои и МВП-то на младинската лига – десниот бек Кристијан Стаменковиќ.

Планирано е тимот да одигра пријателски натпревари со составите на Вардар, а потоа ќе замине на подготовки во Струга.

Голден Арт ќе настапи и на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ во Охрид од 23 до 26 август, по што ќе биде одиграна уште еден пријателски дуел пред официјалниот старт на сезоната.

Тимот го напуштија четворица ракометари – Пеце Рајатоски, Симон Гучески, Андрија Мандиќ и Ивица Илиев.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

СП младинки: Познати се осум учесници во главната фаза

Денеска на Светското првенство во Македонија беа одиграни...

Трикратниот освојувач на ЛШ ќе игра и на 37 години

Поранешниот репрезентативец на Германија, Тобијас Рајхман, ова лето...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николив и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку сезона одлучи правдата...