Ибраими ја води Струга до титула – Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 30. КОЛО

Фудбалерите на Струга Трим и Лум направија нов голем чекор кон освојување на првата титула во историјата на клубот откако без поголеми проблеми славеа на секогаш тешкото гостување во Штип против Брегалница од 0-3. Шкендија се уште не се откажува и во чекор ги прати стружани откако на домашен терен беше подобра од Македонија ЃП со 3-1. Актуелниот шампион Шкупи успеа да ја освои „кратовската тврдина“ добијаќи го Силекс со 0-2. Работнички и дефинитивно го осигура опстанокот добивајќи го Тиквеш сред Кавадарци со 1-3, додека Скопје ја „торпедираше“ Победа со 0-4.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Фреди Алварез (Шкупи)

Актуелниот шампион на Македонија иако има мали шанси се уште не се откажува од одбрана на титулата. Чаирчани славеа на гостувањето кај Силекс со 0-2, а најголем виновник за ова беше Фреди Алварез кој одличната игра ја круниса со еврогол од слободен удар.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Шпетим Дуро (Шкендија)
Шкендија се уште не се откажува од титулата во ПМФЛ и останува веројатно единствен конкурент на Струга ТЛ за трофејот. Шпетим Дуро одлично го подготви својот тим за тешкиот натпревар против Македонија ЃП (3-1), па со право го добива признанието за тренер на рундата.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Фреди Алварез (Шкупи) 

Шкупи славеше голема победа на гостувањето кај Силекс од 0-2 во меч од 30. коло во ПМФЛ. Натпреварот го реши феноменалниот погодок на Фреди Алварез од слободен удар кој заслужено е избран за најдобар на рундата.



ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Гигов и ПАОК ја продолжија победничката серија

Тимот на ПАОК Солун, каде што брани македонскиот...

Ќе ни недостигаат ли? Последна собраниска седница за овој парламентарен состав

Македонските пратеници денеска ќе ја започнат последната пленарна седница...

Струга добива нов ракометен клуб

Градот расадник за ракометари, Струга, од каде потекнуваат...

Саемот на книга продолжува да расте инспирирајќи генерации читатели и писатели во Македонија

Традицијата на „Саемот на книгата“ во Скопје е негувана...