ИХФ додели организации – Мундијалите во 2029 и 2031 година ќе се играат низ Европа!

Извршниот Комитет на Светската ракометна федерација денеска ги додели организациите на големите настани до 2031 година.

Кај мажите, организацијата на СП 2029 ја добија Германија и Франција, додека СП во 2031 година ќе се одигра во Данска, Норвешка и Исланд.

Иако беше најавена кандидатура на Саудиска Арабија, сепак од поодамна беше јасно дека Мундијалите во следните седум години ќе се играат низ Европа.

Кај дамите, СП 2029 ќе се игра во Шпанија, додека Мундијалот две години подоцна ќе го организираат Чешка и Полска заедно.

Следните големи настани во 2025 и 2027 исто така се во Европа. Машкото СП 2025 ќе се игра во Данска, Норвешка и Хрватска, а она две години подоцна во Германија. Женското СП 2025 заедно ќе го организираат Холандија и Германија, а Мундијалот во 2027 година ќе се одржи во Унгарија.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ