Има ли пратеник од СДСМ на кој му пречи владината каша – попара? 

Со голема помпа деновиве ДУИ и СДСМ ја најавуваа реконструкцијата на владата. Ќе се зголемело мноозинството, ќе се почнело со реформи, ќе…

Арно ама по само еден ден ор расправата во парламентот се гледа дека додека едни влегуваат во владиното мнозинство – други излегуваат. Очигледно не излегува се по планот на Ахмети и Ковачевски.

Несигурно парламентарно мнозинство, нов партнер кој се заканува со радикализација, доминација на една (а помала) партија во коалицијата, влези-излези партнери, нејасна заедничка платформа… сето ова е „спакувано“ во новата Влада за чија реконструкција наскоро ќе гласаат пратениците. Тогаш и ќе се види колкумина народни избраници ја поддржуваат ваквата влада во обидите на ДУИ и СДСМ што подолго да останат на власт.

Дали сета ова каша – попара што е создадена околу владината реконструкција им пречи на некој од пратениците на владеачката партија СДСМ? Никој од нив не е загрижен во кој правец одат работите? Не им пречи што откажуваат партнерството со партијата која помогнала да опстане владиното мнозинство во критични моменти, а сега се коалицира до довчерашна опозиција чиј лидер најави дека е можна радикализација на состојбите во Македонија? Ниту еден ли пратеник од СДСМ не се запрашува дали со ваквото крпење на мнозинството се намалува угледот на партијата која добива имиџ на давеникот кој се фаќа за секоја сламка само затоа за да опстане на власт?

И најважното, можно ли е да нема ниту еден пратеник во СДСМ кој не гледа дека неговата партија следи расипан компас и тоа не е добро за Македонија и нејзината иднина?

Слични и исти прашања се наметнуваат и до другите партнери во владината коалиција, посебно на ЛДП и на ДОМ. Тие видоа ли што направи нивниот соборец Павле Трајанов? Гледаат ли во што се претвора владината коалиција?

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Забавно е да се игра во Битола“

Голманот на Вардар, Мартин Томовски никогаш во својата...

Кадетското злато остана во Автокоманда

Домаќинот на кадетскиот турнир од Ф4, не залудно...

Младост ја продолжува борбата за второто место во прволигашкиот плеј-оф

Тимот на Младост Богданци пред својата публика не...

Радовиш чекор поблиску до суперлигашки бараж

Екипата на Радовиш пред својата публика одигра според...