ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот специјализиран портал за ракомет, вашиот вистински извор на информации го избира ИДЕАЛНИОТ ТИМ на сезоната во женска конкуренција. Лани, првпат ги прогласивме најдобрите, а сега продолжуваме со истото, како единствен и независен избор на најдобриот тим.

Зад секој успех на тимот стојат и поединци кои со своите игри придонесуваат екипата да стигне до посакуваниот резултат. Сакаме да им дадеме потстрек на сите кои со своите игри се наметнаа, доминираат, покажаа најголем напредок, по чија залсуга тимот најмногу напредуваше.

Во изборот на ALL STAR тимот во женска конкуренција во првенството, ќе можете да гласате за најдобрите седум ракометарки по позиции, како и за најдобра млада ракометарка, одбранбен играч и тренер.

Во гласањето ќе бидат вклучени публиката преку онлајн гласање, и редакцијата на 24Ракомет. На тој начин ќе ги одбереме најдобрите ракометарки за натпреварувачката сезона 2023/24. Гласањето ќе трае до 30 мај во 12:00 часот, по што ќе бидат објавени и резултатите.

Редакцијата на 24Ракомет ви овозможи и Вие, нашите читатели, да бидете дел од изборот и да гласате за најдобрите ракометарки во сезоната. Ние номиниравме по пет ракометарки на секоја позиција од кои ќе биде избрана најдобрата што ќе биде дел од All Star тимот на сезоната.

ГЛАСАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ДО 12 ЧАСОТ ДО ЧЕТВРТОК, 30 МАЈ 2024

[*доколку не ја гледате апликацијата за гласање вчитајте ја страницата повторно ]

Читателите ќе може да гласаат за една од петте ракометарки. При крајното гласање предвид ќе се земат сите добиени гласови. На крајот резултатите ќе се сумираат по принципот 5, 4, 3, 2, 1, според освоеното место, а потоа вкупниот број на гласови по категории се претвора во поени – од 5 (најдобар) до 1 (петтопласиран).

Истото ќе биде и при гласањето на новинарите на редакцијата 24Ракомет. Се гласа за петте понудени ракометарки по приципот 5, 4, 3, 2, 1. На крај се направи вкупен збир од двата сегменти (публика/24Ракомет, при што се добива севкупниот победник за секоја позиција).



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Чурлиновска собра 12 одбрани и стана МВП против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија во второто коло...

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со две промени против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Македонија доживеа дебакл, но шансите за главната рунда останаа

Женската младинска репрезентација на Македонија во второто коло...

🎥ВИКЕНДОВ НА 24РАКОМЕТ…Играше само 180 минути за Кометал ЃП, а стана легенда во Македонија

Постарите генерации добро се сеќаваат на романската репрезентативка...