ИЗБЕРИ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)

Зад секој успех на тимот стојат и поединци кои со своите игри придонесуваат екипата да стигне до посакуваниот резултат. Традиционално на крајот на сезона во Суперлигата, 24Ракомет го избира идеалниот тим на сезоната, давајќи им признанија на оние што се одвојуваа на позицијата на која настапуваат.

Ова е шеста (6) сезона по ред како редакцијата на 24Ракомет ги избира ALL STAR тимот, што е веќе традиција, како единствен и независен избор на најдобрите ракометари, и во машка и во женска конкуренција. Покрај за идеалната седморка, ќе се гласа и за најдобар тренер, млад играч и најдобар дефанзивец.

Во изборот ќе учествуваат: публиката преку гласањето што го огранизираме, македонските новинари кои следат ракомет од сите медиумски формати во земјава, заедно со редакцијата на 24Ракомет. Збирот од гласањето на сите три фактори (публиката, новинари и редакцијата на 24Ракомет) ќе ги даде победниците во секоја категорија.

Редакцијата на 24Ракомет ви овозможи и вие, нашите читатели, да бидете дел од изборот и да гласате за најдобрите ракометари во сезоната. Ќе ги претставиме сите кандидати, со цел полесно да се решите за кого да го дадете вашиот глас.

ГЛАСАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ДО 12 ЧАСОТ ДО ЧЕТВРТОК, 30 МАЈ 2024

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈДОБAР ТРЕНЕР ВО МАКЕДОНСКАТА СУПЕРЛИГА ЗА СЕЗОНАТА 2023/2024?

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈДОБРО ЛЕВО КРИЛО ВО МАКЕДОНСКАТА СУПЕРЛИГА ЗА СЕЗОНАТА 2023/2024?

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈДОБАР ЛЕВ БЕК ВО МАКЕДОНСКАТА СУПЕРЛИГА ЗА СЕЗОНАТА 2023/2024?

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈДОБАР СРЕДЕН БЕК ВО МАКЕДОНСКАТА СУПЕРЛИГА ЗА СЕЗОНАТА 2023/2024?

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈДОБАР ПИВОТ ВО МАКЕДОНСКАТА СУПЕРЛИГА ЗА СЕЗОНАТА 2023/2024?

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈДОБАР ДЕСЕН БЕК ВО МАКЕДОНСКАТА СУПЕРЛИГА ЗА СЕЗОНАТА 2023/2024?

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈДОБРО ДЕСНО КРИЛО ВО МАКЕДОНСКАТА СУПЕРЛИГА ЗА СЕЗОНАТА 2023/2024?

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈДОБAР ОДБРАНБЕН РАКОМЕТАР ВО МАКЕДОНСКАТА СУПЕРЛИГА ЗА СЕЗОНАТА 2023/2024?

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈДОБAР МЛАД РАКОМЕТАР ВО МАКЕДОНСКАТА СУПЕРЛИГА ЗА СЕЗОНАТА 2023/2024?

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈДОБАР ГОЛМАН ВО МАКЕДОНСКАТА СУПЕРЛИГА ЗА СЕЗОНАТА 2023/2024?

[*доколку не ја гледате апликацијата за гласање вчитајте ја страницата повторно ]

Номинирани се по петмина играчи на секоја позиција од кои ќе биде избран најдобриот. Со цел да се запази регуларноста, од една IP адреса ќе може да се гласа еднаш.

Читателите ќе гласаат за еден од петмината понудени кандидати. При крајното гласање предвид ќе се земат сите добиени гласови. На крајот резултатите ќе се сумираат по принципот 5, 4, 3, 2, 1, а потоа вкупниот број на гласови по категории се претвора во поени – од 5 (најдобар) до 1 (петтопласиран).

Истото ќе биде и при гласањето на новинарите и на редакцијата 24Ракомет. Се гласа за петтемина понудени ракометари по приципот 5, 4, 3, 2, 1. На крај се направи вкупен збир од трите сегменти (публика/новинари/24Ракомет, при што се добива севкупниот победник за секоја позиција).

НЕКА ПОБЕДАТ НАЈДОБРИТЕ!

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николив и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку сезона одлучи правдата...

Колку заработија екипите што играа во ЛШ?

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во изминатата сезона подели...

United in Isolation, Putin and Kim Keep the World Guessing About Their Sanction-Busting Plans

Nearly a quarter-century after his last visit to Pyongyang,...