Како најдобриот Македонец меѓу Албанците го спаси западнобугарскиот премиер – Kurir.mk

Нема, нема, па Рама ќе направи нова драма. За бурлеските и за свои статисти во едночинките, Еди најмногу милува да ги користи и „работи“ северните властодршци. Да, пустиот обожавател на адидас патичиња одамна знае со какви инфантилни суртуци и марионети си има работа, па одвреме навреме со ќеф и сласт ќе им го збибери. До балчак…

Експериметираше врз Таче и испадна неверојатен скеч со западнобугарски премиер, срам кој и следните децении ќе се прераскажува, прикаската за резилот со мисирот кој со ќеф се изнасмеја на грдата навреда и ултра-солена шега на негова и македонска сметка. Грејт сексес, би рекол Борат, оти шегата беше токму таква, успех за Рама, брука за Ќуран. А, и Али Џи (Саша Коен) обожува адидас патичиња, сосема случајно, нели?

По премиерата со македонскиот од немукает насмејан Ќуран, Еди покажа дека скечевите и смисолот за хумор ги арчи и на „своите“, па Артан Груби го нарече „Најдобар Албанец меѓу Македонците и најдобар Македонец меѓу Албанците.“ Шегата на дечкото во патичиња беше во двете констатации, ама гарант гавазот на Али го здоболело од второто. Пукнал. Она, кога на дечкото кој толку љуби да лета орлиња и тоа без мака би го правел по цел ден, ќе му кажеш дека е најдобар Македонец меѓу Албанците. Ццццц. Го болело, до коска, ги жегнало срцето и душата на ликот кој направи кариера тепајќи македонски деца на скопското Кале. Да, ама Нежни подголтна и се направи „на Тошо“, на Алија ли беше. Остана киселиот сурат и искрите од очи. И калма…

Само замислете, тоа да му го кажеше некој од македонските колеги политичари, па дури и некој од неговата партија? Освен Ахмети, на секој друг гарант би му го сторил истото што им го правеше на децата на Калето. На клоци. Арно ама, ова беше Еди Д’Рама, врховниот и главен творец на непостоечката  Тиранска платформа која се исполни 98 насто, поданикот на Сорос нумеро уно на Балканот, башка две глави повисок од првиот вицепремиер кој исто како Кире кога ќе лапне бананче и станува Бананамен,  Груби со самоти друштво на Рама се престорува во Нежни. Па трепка, гугука, се цери, изигрува човекољубец…

Да бил до него Таче, гарант повторно ќе се отцепел од смеење, исто како Еди кога го нарече западнобугарски премиер. Ќе се ваљал по подот Ќуран, свиткан ко ѓеврек со рачињата на мевот. Ама, пустиот, не бил. Штета,  пропуштил добро газење од смеење. Де, де, ќе дојде пак Еди, може пак главна ѕвезда ќе биде Таче, да се изнасмее пустиот премеир со тоа камата во истиот тој мев кога продава идентитетски одредници и историја на Бугарите, а кој го стиска од смење со албанскиот колега. Значи, Таче, веројатно, повеќе го сака друштвото на Еди отколку на Румен. Логика, мевска…

Уште поиндикативно во целата оваа бурлеска и папазјанија е што Нежни му е заменик на Ќуран, прв вицепремеир кој, како и Црпко, го менува и Таче Црпков кога тој е во странство. Првите двајца на извршната, северна власт.  Уште Стево и Таљо фалат да се најдат на сатиричниот нишан на Еди, па целата северна прикаска да биде запишана во светските анали како трагикомедијата со премиерот на една земја кој го зафркаваше и си играше „онакво“-ташак со целиот државен врв на соседната…

Реално, на Д’Рама веројатно му падна грев за изгубениот, загуљен и збунет македонски колега, кој секогаш испаѓа мисир во друштво, па од пуста сомилост и жалење за да го раатиса почна малку и да „шара“ со заебанциите, филантропија од која подолгиот дел од стапот го изеде Артан. И би сеир…

Ви текнува на вицот со новодојдениот садист во градот на мазохистите, кој л’цнал од среќа кога му кажале дека таму е сосема нормално да уринира врз нив од балконот во киното. И додека тој уживал во злодејанието, некој од мракот долу му свикал: „Ти си нов садист, а?“ –„Од каде знаеш?“ се запрепастил тој. „Па шарај малку, овозможи задоволство за сите бре, шарај!“…

Како и да е, Таче Црпков куртули. Барем денеска, а утре пак ќе си биде се’ по старо. Ќе излезе Ќуран со силна доза на СТАБИЛНА НЕИЗВЕСНОСТ во себе на нова партиска трибина и пак ќе зборува дека нема да КЛАТИ ПРАТИ, класично ОБЕЖЕЖЈЕ на еден ВАСОВЕН атак врз сетилата со кој Ќуран мисли дека МОНИПУЛИРА со народот, се’ со цел Македонија да ПРЕРАШНЕ во ес-де-ес КОМФАНИЈА…

Чудесна Македонија, земја во која главно прашање стана: „Аман, што толку му згрешивме на Бога?“…



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ