Собранието на РФМ не го изгласа предлогот што требаше „да се протурка на мала врата“ за делба на Супер лигата на Супер А и Супер Б, со по 8 екипи, и за тоа ќе се разговара дополнително на Конференција на клубовите до крајот на годинава. Собранието на РФМ донесе одлука за оваа да реши УО на РФМ во консултација со конференцијата на клубовите. Таа одлука сепак да важи за сезоната 2024/2025.
Откако од Агенцијата за млади и спорт објаснија дека доколку се усвои ваков сустем тогаш и ваучерот кој досега го добивале нема да биде ист, туку оние што ќе бидат во послабата „Супер Б“ лига ќе имаат второлигашки ваучер.
На предлогот кој епотпишан од 25 клубови, требашпе од 2024/2025 година да има Супер А лига со 8 екипи кои би играле вкупно 28 кола, а и оние од Супер Б исто така би имале 28 кола. Но, треба да има испаѓање од Супер А во Супер Б лигата, и влегување од понискиот ранг во повисокиот.
И Еурофарм Пелистер прв кажа дека наместо 8 екипи, треба да се размисли за намалување на лигата од сегашните 16, на 12 или 10 и тоа да биде постепено. На тоа се надоврза и Пролет кој потенцира дека во тој случај на 8 екипи може да се случи во Супер А лига да бидат и Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер2, и Алкалоид и Мулти Есен. То тој случај се случува нешто друго.
Единствен клуб што го прифати прелдогот обеше Вардар1961, чиј претставник смета дека недостасуваат силни мечеви, но дека треба да се води сметка и за помалите клубови и нивните потреби.
Предлогот падна дека сепка новиот сисстем да важи од следната сезона, а за тоа да реши УО на РФМ во консултација со Конференцијата на клубовите.