Колумна: Мицкоски Versus Мицотакис – OhridNews

Абре таман сиромајот се фати на орото одма се кинит тапанот. Реков ете ти нова влада со нови сили, во нови победи…то стап. На сам старт одма карајнца. Додуша од стариот состав ама пак се скараја за нешто кое ја засегат новата влада. Се спукаа бившата даде на Мицко, Данела, и командант Форина за тревата пред владината зграда.

Ме чудит з`ш Мицко не рече ништо, а се работит за неговиот нов дом. Едниот ти требеше да косиш другиот ти требеше. Незнам за Данела дал имат ускуство во косење ама Форина бар луѓе имат косено, ваљда му остана нешто од занаетот. Можда пак и намерно му остаја трња на Мицалета па на работа ко ќе ојт да газит преку трња. Данела се спука со него, командантот не го сакет во новата влада и можда и едниот и другиот му се скарани до крај на мандатот.

Мада како испатна работа ќе да испаднит да му се скарани цел живот. А си реков готово. Утре ќе се завршит патот Охрид-Кичево, четврток повисоки плати, другиот вторник пензиите горе, сабота во ЕУ и готово. Од недела ќе можевме да крениме сите пет у вис и да уживаме.

Ако останит вака јас пак оптимиста сум дека Мицко ќе искосит. Бар така кажа во кампањата. Све шо нечинит во држава тој ќе го искорнит. Сите трња, тревишта, а богами и бршлените. Само убо ќе е голем дел од бршлените негови шо се обвиткани околу ноѕете негој прво да ги скастрит. Да не бидит едвај дојдов на власт па после леле мамо мори ме болит таквото. Само кај ќе најт време пустиот. Уште не седнат на премиерско столче сакат да ојт по судој. Ќе се судел со Грција. Поточно со Мицкотакис. Мицкоски – Мицотакис. Ко исто ми идет. Ни едниот ни другиот не велит Северна Македонија. Едниот Македонија другиот Скопје. И сега шо се бунит Мицотакис.

А Османи со изјавите веќе се спремат за косење. Барат за формирање на новата влада да се почитуват принципот победник со победник. Ко да заборај дека во 2017 година баш неговата ДУИ го посра овај принцип со то шо не коалицираше со ВМРО.

Од секирација шо се спремат ДУИ да е во опозиција Бујарчо изгледа го фати амнезија. А болело бате на твој плешти. Извини шок ама сами вие, како ДУИ, како и СДС, летнавте и си засравте сами.

Едино нешто шо ме секират ако не си ти на власт ми е за твоите примања. И онака и како министер не ти стигаше платата па земеше заеми вака ќе мораш и кредити да земаш, да се зајмвиш, да должиш како 80 % од народот во ова држава. Но, ако ти дојт зорт кажи ако требит ќе го вратиме комунистичкиот самопридонес да не ни патиш многу. А пораките до јавноста од типот: не е потребен немир во Македонија, едвај го контролираме албанскиот народ, ќе се отворат затворени прашања и.т.н напиши си ги на мраз и препрати му ги на македонскиот народ ќе ги прочитат.

Нормално како ќе се прочитет пораките многу зависит и од читањето на новата власт само јас би ја советвел новата власт да не брзат со то. Имат многу побитни задачи под итно да се решавет. На пример едно од приоритетните задачи е како да се надминат 366 000 евра потрошени во 2023 година за патни трошоци за пратениците. Овие пратеници гарант од својот град до Скопје оделе со авиони и сега во новиоив состав писнете му со спејс шатли. А ние ќе си скенираме сметки.

Се забрбав ќе забораев да прашам: Таче….дома е ???? За Баба прашвам з`ш не е дома. Ојде во внатрешни со документите да ѝ го чкртнат она СЕВЕРНА. Само ми е страв чкртајќи дан ѝ ја чкртнат МАКЕДОНИЈА.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите 

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со две промени против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Македонија доживеа дебакл, но шансите за главната рунда останаа

Женската младинска репрезентација на Македонија во второто коло...

🎥ВИКЕНДОВ НА 24РАКОМЕТ…Играше само 180 минути за Кометал ЃП, а стана легенда во Македонија

Постарите генерации добро се сеќаваат на романската репрезентативка...