Колумна: Северна гниловина – OhridNews

Алал да му е. Му теквит. Арчо Груби не` утеши. “Бехтел и Енка“ ја пуштиле првата делница од Моравскиот коридор од 17 километри во Србија. Добро. Значи постојат овие и ќе градат и кај нас. Само требит да сме трпеливи. Ако не овај петок другата среда ќе се почнит. Можда и почнато е само ние не гледаме. Јебига. Време на виртуелни нешта па можда по тој терк се и работиници. Вуртуелни или смарт. Можда фрлет асфалт преку смарт сатој немој да се знајт.

Глетката од Србија беше феноменална. Во отворен автобус на делницата се возеа Брнабиќ и Вучиќ. Автобусот шибаше, а нив косите им се вееја. А позади нив тон политичари заслужни за договорот. Апропо нив и кај нас мојт така да бидит. Напред Пендар и Таче позади нашите пратенички арслани. Само со една разлика. Само на еден косата ќе му се вејт. Од позади сите уште сега се извеани. Како и е да е важно “Бехтел и Енка“ градат. Или онадат. Кој мојт то да го знајт во ова вукојебина.

После Артана кажа изјава и Вера Коцо поранешната врховна судијка за случвењата во судскиот совет, односно смената на Весна Дамева сега екс председателка на советот. Вера на јасен, чист македонски јазик рече за ова шо се случвело во советот: “….ќе изберам еден грчки збор аномија“. Та кажа, останав ококорен во очиве ко кромид незнаејќи шо значит тој збор.

Реков дан не заушив убо дан е анемија ама ко шо ги гледам членојте на советот машала сите бабачко ко товени па не ќе да е то. Ја прашав Баба та ми кажа дека овај збор е од грчко потекло и дека значит: беззаконие, незаконитост, суспензија на закон како и недостаток на морална свест на една персона.

Јес да е Баба начитана од “Волшебното самарче“ преку “Камасутра“ до “Војна и мир“ ама ми беше сумљив одговорот и писнав на гугл. Тука па ми излезе дека е: јавашлук, ме болит паткава, крадење, местење, шо те дупам, расол држава, ѓубре и други високи епитети и атрибути.

Кај шо спомнав пред малку ѓубре. Ме насекира податокот дека само 18.3% од македонското ѓубре завршило во селекција, а другото све во депонија. Ова не ме радвит. Имаше од каде, колку и каде отишле македонските ѓубриња ама јас мислам за да се дајт пример на народов требит да се почнит од ѓубрето во парламентот на НСРСМ. Од извори блиски до Биљана дознаваме дека таму ката години се таложат и само се таложат многу количина на ѓубриња.

И убо е од таму да се почнит единствено со строга селекција. Да се видит кое е за во депонија кое е за рециклирање. Јас не сум влегол во законодавниот дом ама претпоставувам дека голем дел од ѓубрето таму е директ за во депонија и нормално палење траг да не остајт. Можда мал дел ќе имат од то ѓубре за рециклажа. Мада мое мислење е дека и то ѓубре шо ќе се селектират е до толку гнило шо не помогвит со рециклажа.

А од друга страна ако е така та гниловина шо е таму мојт да бидит од епидемиолошки карактер па од парламент да се префрлит по улиците па да се заразит народот. И ќе си се ширит. Од северна Северна Македонија, кун западна Северна Македонија па кун југозападна Северна Македонија и така низ цела држава. Бар на четири години да се прајт ова селекција, ако не појќе. Не така?

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ