Кондев се прости од Тиквеш: Дојдов како голобрадо момче – си одам како силен маж!

Левото крило Дарко Кондев во претстојната сезона нема да ги брани боите на кавадаречки Тиквеш.

Кондев во моментов не е во Македонија и на социјалните мрежи се прости од кавадарчани, од Тиквеш, од Лозари…и ги опиша сите моменти од патот од Металург до Кавадарци.

Најдобрите моменти од досегашната кариера, Кондев ги имаше во Тиквеш и беше миленик на публиката и навивачите од Кавадарци.

„Секој крај е тежок па така и овој… мојот клуб ГРК Тиквеш. Дојдов како голобрадо момче слабо и исушено штотуку излезено од болница, но бев со претставен како што им прилега на големите Европски клубови. Добив комплетна поддршка од клубот и управата. Од млад играч во лигата – до еден во лидерите и препознатливо име кога ќе се спомне Тиквеш.Првиот пат дојдов на позајмица од мојот матичен клуб Металург ..на Неполни 18 години само неколку натпревари и доаѓа дербито за влез во суперлигата- против ривалот КЛ7. Каде Јас го постигнувам голот за победа и влез во суперлигата. Тоа го остваривме . за 6 месеци на полусезона се враќам како засилување за Суперлигата- Кога дојдов екипата беше во плеј аутот. еден од првите натпревари го решив во 59:59 секунда со гол шрауба како што би рекле од 24ракомет.Шраубата постана мој препознатлив потег. 1 час пред мечот јадев нездрав хамбургер… по голот за победа капитенот Цока ми кажа да јадеш секогаш вака… Целта на Тиквеш не беше само да остане во лигата туку и да се вивне во Европа. Останавме во лигата со тешки маки… Следната сезона беше тешка но борбата беше до крај. сите играчи игравме од срце и ги користевме нашите квалитети со помош на Горан Тексо и управата стигнавме многу блиску до целта пласман во Европа. На најбитниот натпревар против Пелистер 2 јас во последните секунди додавам цепелин и промашуваме наместо да шутнам да дадам гол и да одиме во Европа… Толку млад а толку голема одговорност. И тогаш бев лут на себе и си реков додека не ја исполниме целта нема откажување и додека не му вратам нa клубот кој ме издигна како ракометен професионалец. Во последната година се случи тоа пред да почне сезоната се повредувам прв пат во мојата кариера прва сериозна повреда и морам да правам операција. Докторот Петков предвидува враќање за 6 месеци дури во мај кога е прекасно. Тиквеш без мене завршува на 8мо место и со малку среќа се пласира како последен во плеј офот. Потценети од сите. И многу прашања дали ќе играм или не на првиот натпревар против Алкалоид и воопшто во сезоната. Докторите предвидуваа вракање за 6 месеци но јас со напорна работа верба и желба за докажување бев потполно спремен за 3 месеци и таа битка во салата Јасмин. преку две Илјади гледачи во салата и уште 15 илјади гледачи на малите екрани, телевизиски преноси. И Лозарите навивачи од срце за својот град и клуб. Сите заедно до тој подвиг. Dareminator се врати и во последните 2 минути даде два гола на празен гол од центар го задржа во игра Тиквеш и на крај капитенот да стави точка за тој бод вреден како планина. Од тогаш сите не гледаа со други очи. Од потценетите играчи и потценет Бресто станавме екипа и сала од која се плашат дури и Шампионот и Вицешампинот. Кога ќе дојдат на жешкиот терен во Кавадарци нема шанси некој да нѐ надигра . Градот на Спортот виното и ракијата. Бевме многу сигурни за нашиот квалитет, но направивме неколку грешки. како што се шегувавме во соблекувалната- Ние секогаш меѓу лесниот и тешкиот пат го бираме.оној НАЈТЕШКИОТ. но на крајот се исплати бидејќи трудот е голем но наградата десет пати поголема. Многу игри и натпревари во лигата но Господ е голем. Наградува. Со Охрид ја кршам десната дланка и докторите повторно предвидуваат пауза од 3 месеци и дека за мене сезоната е завршена. Но не оваа лудо и луцидно момче кажа : Job is not finished… мора да се вратам. дури и еден натпревар бев помош од трибините заедно со Лозари за нашиот ТИКВЕШ. Физикални терапии болки многу болки но пред управата и мојот старо нов тренер Матлиевски кажав СПРЕМЕН СУМ. Последен битен натпревар против Шампионот Вардар. Мораме да земеме бод. Нерешено или победа. Толку тежок психички натпревар водевме и 6 разлика но како екипа и колектив- бевме многу блиску. Поминати 60 минути. Последен шут- од Вардар преку жив ѕид резултатот е нерешен и нѐ носи во Европа . Стојам до соиграчите и си мислам каде сака нека ме удри топката не смее да заврши во гол. Куни шутира и топката ме удира во рака. Еуфорија. Салата преполна падна Европскиот Шампион Вардар. Тиквеш оди во Европа. Нашата цел се исполни. Претседателот Ратко беше пресреќен.и градоначалникот Митко Јанчев кој овозможи се што е во негова моќ нашиот заеднички сон да биде вистина Тиквеш во Европа.по 12 годишна пауза. Прославата беше долга и убава. Ние сме тие. Но на секоја убава приказна и следи крај. Голобрадото слабо момче си оди денес по 3 години од својот ракометен дом и излегува како изграден и силен Маж. Голема благодарност до целата управа Борче, Тоше,Зоки, Ратко, Тони и сите мои тренери во клубот Влаинков, Андоновски, Магдинчев, Брестовац и Матлиевски кои заедно со сите играчи го изградивме Тиквеш. Како што би рекле спортистите- ова не е збогум само довидување.и еден најголем поздрав до лудите и верни навивачи и пред сѐ добри луѓе во градот – ЛОЗАРИТЕ“, напиша Кондев на социјалните мрежи.

Стратегот Никола Матлиески во новата сезона на левата крилна позиција ќе смета на новото засилување Мирко Мајиќ и староседелецот Димитар Коцев.

Кавадарчани ги очекуваат големи предизвици на домашна и на меѓународна сцена, каде ќе ја претставуваат Македонија на Европскиот Куп.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Доколку сакате да го намалите салото на стомакот, треба да го јадете ова овошје

123 ОВОШЈЕТО не само што е вкусно, туку игра важна...

МВП НА 8. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – КОСУКЕ ЈАСУХИРА (ВАРДАР)

Ракометарот на Вардар, Косуке Јасухира, го доби признанието...

Чаневски одличен, Макаби Ришон од второ место во полуфиналето на плеј-оф

Израелскиот шампион Макаби Ришон Ле Зион, каде што...