СТРУГА 2023: Од Гуиф најавуваат – и ние ќе се бориме за трофејот, меѓу фаворитите се Вардар и АЕК

СТРУГА 2023: Од Гуиф најавуваат – и ние ќе се бориме за трофејот, меѓу фаворитите се Вардар и АЕК

Годинава од 16 до 19 август по 51. пат ќе се игра традиционалниот ракометен турнир. Следете не на нашата страница на Facebook, бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Ќе имаме многу интеракција, гласање, наградни игри…

На 51. издание на Струшкиот турнир ќе учествува екипата на Ескилстуна Гуиф од Шведска. Станува збор за клуб со богата традиција и клуб кој во клупска историја четири пати има играно во финалето на плеј-офот на шведскиот шампионат.

Минатата сезона Ескилстуна Гуиф беше седми на табелата во регуларниот дел и беше елиминиран во четвртфиналето на плеј-офот од Савехоф. Тимот на Зоран Рогановиќ токму на Струшкиот турнир ќе ја одработи втората фаза од подготвителниот период.

Овој тим во 2019 беше учесник на турнирот во Струга и успеа да покаже добри партии. Од Струга си замина со добри спомени и со освоеното трето место.

Тренерот Зоран Рогановиќ истканува дека неговиот тим доаѓа со големи очекувања на 51. издание на Струшкиот турнир, но и со голем ентузијазам за можна соработка меѓу шведскиот тим и Струга.

,,Доаѓаме со големи очекувања во Струга, со надеж дека ќе одиграме добар ракомет, и секако, да го претставам мојот микс на балканско-скандинавски ракомет. Сигурен сум дека овој турнир ќе значи многу за нашиот клуб во подготвителниот период. На овој турнир ќе ни недостасува нашиот најискусен играч Ричард Ханиш поради повреда, но остатокот од тимот е подготвен за голема борба. Учествувавме во Струга во 2019 година и некои од моите играчи кои се со мене од тоа време, зборуваа за нашето учество во Струга со секој нов играч што доаѓа во клубот, така што настапот на турнирот во Струга имаше навистина големо позитивно влијание врз целиот клуб. Со нас го носиме и нашиот директор на клубот кој ќе се обиде да реализира соработка меѓу Струга и Ескилстуна. Многу сме му благодарни на мојот драг пријател Наумче Мојсовски што не покани по втор пат во Струга”, изјави тренерот Рогановиќ.

Ескилстуна Гуиф на турнирот во Струга ќе игра против домашната екипа и двократниот европски шампион Вардар. Екс селекторот на Црна Гора смета дека Вардар и Алкалид се главни кандидати за освојување на трофејот.

,,Нашиот прв натпревар е против домашната екипа Струга и сигурен сум дека ќе биде тежок дуел за моите ракометари кога ќе видат каква поддршка има домашниот тим. Затоа мислам дека тоа ќе биде добро искуство за моите момци кои ќе треба да играат и против Струга, но и против нивните извонредни навивачи. Секој знае дека македонските навивачи се меѓу најдобрите фанови во светот. Вториот натпревар е против Вардар и мислам дека не треба да се трошат зборови за овој тим, сите знаеме што претставува Вардар во ракометниот свет. Иако Вардар беше трет во македонскиот шампионат минатата сезона, го гледам како голем фаворит заедно со Алкалоид кој го предводи легендарниот Кирил Лазаров. Видов дека двата тима направија одлични работи за време на трансфер-сезоната, така што ова се двете најсилни екипи. Ќе дадеме се од себе оваа година да се обидеме да стигнеме до финалето бидејќи секоја година нашите амбиции се да растеме. Минатиот пат земавме бронзен медал во Струга, сега сакаме да играме во финалниот натпревар”, додаде Рогановиќ.

Искусниот стратег ги сподели амбициите на неговиот тим и за настапот во домашниот шампионат.

,,После секоја година нашите најдобри играчи си заминуваат од ГУИФ за да играат во подобри лиги, обично во Бундеслигата, така што сме познати како фабрика за таленти, но и да останеме без нашите најдобри играчи, секоја година правиме по некој добар играч од нашите младински тимови, така што оваа година сме помлади од кога било, но ќе дадеме се од себе да направиме подобар резултат од минатата сезона. Тоа е секогаш амбиција и сигурен сум дека на навивачите во Струга ќе им се допадне нашата игра” заврши Рогановиќ.

Капитенот на Гуиф, Маркус Еркман, се надева на дека со неговите колеги ќе прикажат добар ракомет, особено на дуелот против Вардар.

,,Секогаш влегуваме со менталитет да победиме на секој натпревар. Се надевам дека ќе се натпреваруваме со комлетен состав, можеби ќе недостасуваат еден до двајца играчи во зависност од нивниот моментален статус со повреди. На овој турнир веќе еднаш се натпреварувавме, тоа беше пред неколку години. Можам да се сетам од минатиот пат  дека игрите беа навистина добри, а атмосферата одлична. Струга веројатно ќе се обиде да направи нешто на домашен терен, не знам многу за сегашните играчи во клубот, но можам да замислам дека играат слично како и ние.  Вардар е голем клуб, со многу трофеи, како и две титули во Лигата на шампионите. Сигурно ќе биде големо искуство да се застане лице в лице против Вардар, се надевам дека тоа ќе биде драгоцено искуство”, изјави Еркман.

Тој како главни фаворити на турнирот во Струга ги истакна Вардар и грчкиот шампион АЕК Атина.

,,Верувам дека трофејот е подготвен за секој што најмногу го посакува Но, ако треба да наведам неколку фаворити за трофејот, освен ние самите, тогаш тоа ќе биде Вардар и АЕК Атина. Нашите цели за новата сезона се да постигнеме подобар пласман во домашниот шампионат во однос на минатата година и да се обидеме да избориме место и во полуфиналето и во финалето на шведскиот плеј-оф”, заврши Еркман.

СТРУГА 2023: Ескилстуна Гуиф – клуб со традиција и со екс црногорски селектор

Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.

.
.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ