Крај на сезоната за Стефан Додиќ

Еден од најперспективните ракометари на Србија, Стефан Додиќ, нема да игра до крај на сезоната, потврди директорот на Војводина, Марко Вујин.

Екс ракометарот на Металург, Охрид и Вардар кон средината на месец октомври ја прекина соработката со Целје и се пресели во редовите на Војводина.

Требаше да биде еден од носителите на играта во составот предводен од Борис Ројевиќ, но повредата на коленото го исфрли од ритам и ќе мора да продолжи со рехабилитацијата.

По заминувањето од Македонија и од Вардар, Додиќ мина една сезона во хрватскиот Загреб, а потоа се пресели во словенечкиот Целје, каде не се снајде најдобро.

Со репрезентацијата на Србија на Европското младинско првенство (2022) го освои бронзениот медал и беше прогласен за МВП на младинскиот континентален собир.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ