Мачка ги пречека пелистерци во Сакарија (ФОТО)

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер последната фаза од подготовките пред стартот на новата сезона ќе ја одработи во Турција.

Битолчани во Турција ќе бидат дел од пријателскиот турнир „Куп на пријателството“ во организација на СЕХА лигата.

Во спортската сала во турскиот град Сакарија мачка на трибините со нетрпение ги очекува сите гости. Мачката во оваа држава има статус на свето животно, а Турците се грижат за сите бездомни мачки.

Освен Еурофарм Пелистер, учесници ќе бидат и белорускиот шампион Мешков Брест, потоа освојувачот на ЕХФ Купот, српскиот шампион Војводина, како и европскиот гигант Веспрем.

Пелистерци во полуфиналето за ривал го имаат токму Веспрем и ќе се обидат да се покажат во најдобро светло против еден од најдобрите европски клубови.

Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Веспрем е закажан за 1 септември, додека на 2 септември се дуелите за третото место и финалето, а в недела битолчани се враќаат во Македонија.

Овие две средби ќе бидат увертира за Супер Куп дуелот против Вардар што ќе се игра на 6 септември во Струмица.

.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Силен турнир во Добој: Пелистерци ќе тестираат против Веспрем, Барса, Загреб…

Еден од најстарите ракометни турнири во Европа заедно...

ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше од лутиот ривал, Арсиќ останува во Шабац

<!-- ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше...

„Секој натпревар го почнуваме доминантно, ја имаме публиката како осми играч“

Битола е ракометен град, каде битолската публика игра...

Пролет го донесе пивотот Стојчевиќ, Василевски потпиша нов договор

Тимот на Пролет го комплетираше првиот трансфер во...