Маја Савиќ ќе биде нов селектор на Црна Гора!?

Откако Црна Гора не успеа да обезбеди пласман на Олимписките игри во Париз, се поизвесно е дека Бојана Поповиќ ќе се повлече од кормилото на црногорската репрезентација.

Според пишувањата на црногорскиот портал „Побједа“ најверојатно нов селектор на Црна Гора ќе биде Маја Савиќ, која е десна рака на Поповиќ. Савиќ заедно со Поповиќ беше дел од славната генерација на Црна Гора.

Поповиќ селекторската функција на Црна Гора ја презеде во текот на 2021 година и најголемиот успех со нејзините избранички го направи една година подоцна, односно на Европското првенство 2022.

Црна Гора на континенталниот собир 2022 по големата борба во полуфиналето против Франција го освои бронзениот медал, а на Светското првенство 2023 заврши меѓу најдобрите осум репрезентации, го освои седмото место.

Црногорската репрезентација за седум месеци ја очекува настап на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ