Македонија доби нов интернационалец – Павлов ќе настапува во Чешка

Според информациите на 24Ракомет, младиот и талентиран ракометар Синиша Павлов својата кариера ќе ја продолжи во Чешка.

Прилепчанецот, кој во вториот дел од минатата сезона беше дел од составот на Радовиш, ќе го носи дресот на чешкиот суперлигаш Маломерице.

Десниот бек токму во Маломерице ќе го има првиот интернационален предизвик во својата кариера и во шампионатот на Чешка ќе има можност да го крене нивото на квалитетот на својата игра.

20-годишниот ракометар во Македонија настапуваше и за матичниот Прилеп, како и за Голден Арт.

Маломерице во минатата сезона успеа да обезбеди опстанок во најквалитетното натпреварување во Чешка и во новата сезона повторно ќе се натпреварува со најдобрите клубови.

Во Чешка настапуваат и двајцата повремени репрезентативци на Македонија, Никола Костески и Дејан Кукуловски.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...

ИЗБЕРИ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)

Зад секој успех на тимот стојат и поединци...