Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the td-cloud-library domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/kolumni/public_html/wp-includes/functions.php on line 6121
Македонија доживеа дебакл, но шансите за главната рунда останаа | KOLUMNI.mk

Македонија доживеа дебакл, но шансите за главната рунда останаа

Женската младинска репрезентација на Македонија во второто коло од Светското првенство беше поразена од Исланд со 29:17 По одличната игра до првата половина од првото полувреме, нашата репрезентација како да подзастана, дозволи Исланд да направи пресврт, на полувреме беше 11:11, a вторите 30 минути минаа во целосна доминација на ривалот.

Македонија одлично го стартуваше натпреварот, поведе со 3:0, a ривалот првиот гол го постигна дури по осум минути игра. Цврстата одбрана на „црвено-жолтите“ до 15 не дозволуваше премногу простор во играта на Исланѓанките. Избраничките на Јаннев предводени од голманката Чурлиновска, како и Младеновска во нападот, имаа предност од 8:2 во 15 минута.

Исланд успеа да го искористи падот во играта на Македонија, направи серија од 4:0 доближувајќи се на само два гола негатива, 8:6. Островската земја во последните десет минути одигра далеку поквалитетно во одбраната и на три минути пред крајот на првиот дел направија целосен пресврт, од 10:8 стигнаа до 11:10. Голот за нерешени 11:11 на полувреме го постигна кружниот напаѓач Јасмина Попова.

Ривалот на Македонија фуриозно го стартуваше вториот дел, постигна четири гола во низа и во 35 минута се одлепи на 15:11. Ризоска во 38 минута го постигна првиот гол за Македонија во вториот дел, намали на 15:12, но до крајот Исланд имаше целосно контрола на резултатот.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ