🎥ВИКЕНДОВ НА 24РАКОМЕТ…Играше само 180 минути за Кометал ЃП, а стана легенда во Македонија

🎥ВИКЕНДОВ НА 24РАКОМЕТ…Играше само 180 минути за Кометал ЃП, а стана легенда во Македонија

Постарите генерации добро се сеќаваат на романската репрезентативка Луминица Дину која застана на голот на Кометал Ѓорче Петров во финишот на сезоната 2001/2002 и беше една од клучните играчи за освојување на титулата во Лигата на шампионите. Само два ипол месеци Романката остана во Македонија, но нејзиното име и дело се паметат и ден денеска.

Непосредна, опуштена, како да сме долгогодишни пријатели (иако првпат се гледаме) Дину без никаков проблем ја прифати поканата на 24Ракомет да биде соговорник за викенд-интервју. Популарната Луми, 22 години по освојувањето на титулата со Кометал се врати во Скопје, но сега со младинската репрезентација на Романија, која настапува на Светското првенство, каде таа е дел од стручниот штаб како тренер на голманите.

„Кога дојдов во Македонија, за многу кратко време луѓето ме прифатија. Паметам во весници постојано се пишуваше Дину, Дину Дину… Одам да купам леб во продавница, луѓето ми велеа: ’Ти си Дину голманката, сакаа да се сликаат со мене’, ’Дину ти си цар’ или ’Дину ти си легенда’. И тогаш и сега, луѓето ме паметат! Поминати се 22 години откако Кометал ја освои титулата, а и сега во Скопје луѓето ме препознаваат, знаат која сум јас, која е Дину!“ – зборува и ми покажува како ја поминуваат морници од задоволство. „Навистина е убаво чувството. Да си толку ценет и сакан за нешто што си го направил пред повеќе од две децении. Интересно е што и во тоа време, пред 22 години, и сега се чувствува колкаво срце има Македонија за ракомет, каква поддршка имавме.“

Целосното интервју со Луминица Хуцупан – Дину ќе може да го прочитате викендов на 24Ракомет…

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ