Американскиот милијардер Илон Маск денеска објави дека на неговата социјална мрежа Икс (Твитер) ќе бидат воведени видео и аудио повици.
„Ќе работи на iOS, Android, Mac и PC уреди. Нема да биде потребен телефонски број. X ќе биде глобален директориум“, напиша Маск. Тој додаде дека сетот од тие опции ќе биде „уникатен“.