Meшков Брест лесно се справи со Војводина

Прв финалист на „Купот на пријателството“ во организација на СЕХА лигата е белорускиот првак Мешков Брест.

Тимот предводен од Едуард Кокшаров лесно се справи со освојувачот на трофејот во Европскиот Куп и српски првак Војводина, и славеше со убедливи седум гола, 33-26.

Победникот беше најавен уште по првиот дел, кога Мешков Брест водеше со плус три, 15-12, иако во најголем дел од полувремето тимот од Нови Сад парираше.

Во второто полуфинале од овој пријателски турнир ќе играат Еурофарм Пелистер и Веспрем од 18:00 часот.

Победникот од овој дуел ќе игра со Мешков Брест утре од 18:00 часот во финалето, додека поразениот ќе се соочи со Војводина од 15:00 часот во битка за трето место.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија на тежок испит против силната Шпанија

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска им се...

Дневен хороскоп за четврток, 29-ти февруари 2024-та

ОВЕННе ризикувајте да се потпирате на чудо што ќе...

Ангеловски: Алборг ни покажа зошто со Кил се најдобрите екипи во групата

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на последниот домашен натпревар...

Пешевски: Го одигравме најдоброто прво полувреме, но отворивме лошо во вториот дел

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на последниот домашен натпревар...