Метафората за „кривата елка“ – Нова Македонија

Кога ќе се подзамислам, кривата елка на Данела е една силна метафора на нас самите, на нашето општество, нашите институции и, да не речам, на самата држава. Накриво поставени работи. Здрава замисла, чист стремеж за нешто благородно и подобро и, одеднаш, кога ќе дојде моментот нештото да се направи и надгради, тогаш на (историските) темели надградуваме криви линии, криви правци и насоки и половично ги китиме за нештата да изгледаат поубаво. А всушност уште повеќе ги нагрдуваме… Не, не, не зборувам за кривата елка, туку за нашата страдна држава што ја искрививме и нагрдивме… Кривата елка е прејасна метафора за нас самите…

Веќе неколку дена кривата елка на скопскиот плоштад е главна тема не само на социјалните мрежи во Македонија туку и на целиот Балкан. Балканските медиуми не ја пропуштија шансата да објават макар и кратка вест за нашата „грандиозна“ елка со страшни, да не речам понижувачки наслови од типот „Ако не ви е погоден денот, погледнете ја елката на плоштадот во Скопје“, а имаше и такви што пишуваа дека нашата елка е накривена, по примерот на кривата кула во Пиза, па почнаа дури и да се монтираат фотографии на кои луѓето ја држат да не падне.
Не само што новогодишното дрво беше накривено туку и беше половично украсено. Другиот дел беше оставен за утредента, џанам преголемо, па не можеше да се стигне во еден ден да се украси.
Коментари „фрштеа“ на сите страни, и можеби и со право ни се ругаа каде ќе стигнат. Додека околните градови се натпреваруваат кој ќе блесне во погламурозно новогодишно руво, ние едвај и добивме новогодишен декор.
Нејсе.
Кога ќе се подзамислам, кривата елка на Данела е една силна метафора на нас самите, на нашето општество, нашите институции и, да не речам, на самата држава. Накриво поставени работи. Здрава замисла, чист стремеж за нешто благородно и подобро и, одеднаш, кога ќе дојде моментот нештото да се направи и надгради, тогаш на историските темели надградуваме криви линии, криви правци и насоки и половично ги китиме за нештата да изгледаат поубаво. А всушност уште повеќе ги нагрдуваме… Не, не, не зборувам за кривата елка, туку за нашата страдна држава што ја искрививме и нагрдивме… Елката е чиста метафора за нас самите…
Па, што имаме ние нормално и право, па до елката ни дојде?
Државата ни е во тотален неред, ЕУ повторно ни го протресе ентузијазмот дека ќе ги почнеме преговорите, од друга страна тука се политичките партии и власта да ни покажат дека цела земја ни е како елката на плоштадот.

Крива, сиромашна, недоукрасена или, барем, минимално декорирана.
Иако Македонија е поставена на здрави темели (историјата покажува дека ние го направивме она што многу генерации пред нас само го сонувале тоа и ги давале своите животи за својата татковина Македонија. Затоа темелот е цврст!). Но властите во овие над 20 години независност успешно успеаја да ја накриват, да ги разнишаат темелите на македонската држава. Од земја со своја историја, дојдовме до дереџе да слушаме странски диригенти како ни ги менуваат нотите на слободната песна што ја пееме.
Па, така, станавме северни, без историја, без малцинство, без јазик, со искривена историја и вредности.
И како што би рекле во телепродавниците: „И тоа не е сѐ!“
Образованието ни е пред колапс, ученици учат комплетно погрешни факти, здравството ни е катастрофално лошо, партиското членство ни стана канцер во општеството, бидејќи без партија не можеш ниту да мрднеш ниту да завршиш работа, едвај можеш да извадиш лични документи поради хаосот што се случува со рокот за промена на документите, а за изводи и да не зборувам. Ретко кој успеал да извади личен документ а да нема грешка во него…

Доаѓаат празници, храната е поскапена до плафон, луѓе немаат пари да купат основни намирници, ама затоа кафеаните веќе продаваат аранжмани од над 30 евра по човек.
Моловите се преполни со луѓе што само шетаат и ја разгледуваат понудата, но многу малку купуваат, бидејќи беспарицата како кошмар ги чека секоја вечер да ги прогонува соништата за безгрижност.
Убиства ни се случуваат пред очи, грабнувања и киднапирања, криминалци и убијци ни шетаат слободно по улиците, рекетари парчосуваат каде што ќе стигнат, да не речам целото општество ни е криво, и тоа за повеќе од збирот на грешните агли за кои учеа нашите ученици.
Сообраќајот ни е ужасен, мостови ни се пред распаѓање, немаме места во градинките…
Што уште да набројувам?
Битно партиските апаратчици да си се наместени таму каде што сакаат да бидат. Во удобните фотелји, кои им гарантираат екстремно високи плати, додека народот едвај врзува крај со крај.
И фала ѝ на градоначалничката на Скопје што ни украси крива елка. Таа само ја покажува Македонија во мало. Веројатно конечно ќе ни ги отвори очите на сите!

[email protected]

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Соиграч на Филип Талески пред преселба во Партизан

Тимот на Партизан за следната сезона создава тим...

Фуксе Берлин по долга пауза се враќа во европската елита

На неколку кола пред крајот во најквалитетната лига...

Не го однесе клубот на Ф4 во ЛШ, па си заработи отказ

Скапиот проект на ЧСМ Букурешт петта сезона по...

Три екипи во битка за директен опстанок во елитата

Утре со натпреварот меѓу Скопје и Мулти Есенс...