Металург Автокоманда рутински против десеткуваната Стружанка

Ракометарките на Металург Автокоманда во натпревар од претпоследното, 25. коло во Женската лига пред домашната публика славеа убедлива победа над Стружанка.

Избраничките на Јулијана Дамчевска со одличната игра во двете полувремина дојдоа до победа, која што беше изразена со 18 гола разлика, 34:16.

Домашниот тим не наида на никаков отпор од страна на гостинот, кој во Автокоманда допатува со една постава.

Металург Автокоманда победата ја запиша уште во првото полувреме, кое го доби со 16:8 и рутински ги одработи вторите 30 минути.

Најефикасни во победничката екипа беа Сара Миновска со девет и Теодора Гулицоска со седум погодоци.

Елена Лушеска, Ивана Затуроска, Ева Карамитре и Елена Балоска имаа по три реализации во поразениот табор.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Трикратниот освојувач на ЛШ ќе игра и на 37 години

Поранешниот репрезентативец на Германија, Тобијас Рајхман, ова лето...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николив и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку сезона одлучи правдата...

Колку заработија екипите што играа во ЛШ?

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во изминатата сезона подели...