Може ли Ковачевски и Сали заедно да се преиспитаат и да си разменат напишани оставки?

Какво време дојде во Македонија – премиер и министер се препукуваат во медиуми. Повод е загаснат човечки живот како последица на тоа што на време не е набавен потребниот лек за цистична фиброза. Кавгата ќе биде поучна и корисна или колку време да пројде?

Лекот „трикафта“ со години не се ставал на позитивна листа и покрај сите барања на тешко заболените и предупредувањата дека животите им се загрозени најдиректно. Но, власта, оние што носат одлуки во Владата, во Министерството за здравство, во Фондот… пимплаа, договараа кој е одговорниот, кој… И чекајќи да се исполни ветеното, почина пациентот Благојче Илиевски.

Неговата смрт во првиот владин ешалот отвори јавна пресметка околу тоа кој е одговорен што лекот не е набавен на време. Премиерот Димитар Ковачевски вчера најдиректно го повика министерот за здравство да си поднесе оставка поради овој случај.

– На министерот за здравство му кажав дека оваа ситуација е неприфатлива. Да размисли и да ми каже дали може да го продолжи својот мандат. Мојата одлука за кадровските прашања ќе ја донесам потоа. Јас немам намера да чекам низ бирократските лавиринити да се преземе нешто, изјави вчера Ковачевски.

Но, актуелниот министер за здравство Беким Сали му врати на Ковачевски дека главните одлуки требало да ги донесе токму премиерот и Владата уште кога било побарано од Министерството за здравство пред 20 дена. И дека и самиот премиер треба да си се преиспита.

е ми е јасен обидот за префрлање на вината кон МЗ, кога ниту обезбедувањето средства, ниту набавката на лекот не се во наша надлежност. Средствата се обезбедуваат од Фондот за здравствено осигурување, а набавката ја спроведува соодветната клиника. Но, дури ни тие не можат да постапат без одлука на Владата или без налог на премиерот. Кога би сакале да се натпреваруваме со политички изјави, јас исто така би можел да одговорам со прашање: дали некој, кој, и покрај барањето на МЗ, не одобрил средства за лек на пациенти со ваква тешка болест, смета дека може да си го продолжи мандатот. Би можеле да прашуваме и дали можеби премногу време и внимание се потроши на коалициски преговори, додека пациентите чекаа, возврати Сали.

Сериозни обвинувања од двајцата за тоа дека не си ја работеле работата како што треба.

И така, сега се чека двајцата да решат дали ќе се преиспитаат. Ќе го сторат ли тоа и можно ли е двајцата да се повлечат од функциите?

Ако посакуваат вистински развој на Македонија и ако посакуваат да дадат личен пример како треба да се постапи кога се греши – тогаш и двајцата денеска треба да си поднесат оставки. А, ако им е тешко да ги напишат причините и образложението во оставките, тогаш едниот нека напише за другиот и потоа нека си ги разменат.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ваљадолид се збогува со Дарко Димитриевски

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски во новата сезона ќе...

Хрватска со нов селектор против Македонија на ЕП

Младинската репрезентација на Хрватска ќе има нов селектор...