Му донесе на клубот три титули, а работи без договор!

Тренерот на Извиѓач, Тони Чолина, кој пред извесен период беше еден од кандидатите за нов селектор на машката сениорска репрезентација на БиХ, му донесе на својот клуб три титули.

Младиот стратег иако работи без договор во клубот од Љубишки, сепак, тоа за него не претставува никаков проблем да го извлече максимумот од неговите избраници и успешно да чекори кон зацртаните цели.

Извиѓач оваа сезона се натпреваруваше и на европска сцена, беше дел од Лигата на Европа, но не успеа да ја помине групната фаза.

Босанскиот клуб имаше голема конкуренција, играше против Фуксе Берлин, Динамо Букурешт и Шамбери, па така очекувано доживеа порази од своите ривали.

Во својата клупска историја Извиѓач има освоено десет титули во шампионатот на БиХ, како и две титули во Купот.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ