МЗТ Скопје е преголем бренд за да биде „мираз за зетот“ – Екипа

Лигашкиот дел од АБА1 и официјално ќе заврши со денешниот натпревар меѓу Цедевита Олимпија и Црвена Звезда, за нас неславно поради фактот дека МЗТ Скопје издржа само една година во елитното друштво и експресно се врати во АБА2. „Металците“ чекаа неколку години за повторно да станат дел од елитата, но не одговорија на предизвикот да побегнат од „фенерот“ што го носеа со себе од самиот старт (поради крајно лошиот распоред), за жал до последното коло и оној меч во Подгорица што ги однесе назад во втора лига.

Причини за неуспехот може да се бараат од многу аспекти, но апсолутно сигурно е – ако МЗТ Скопје имаше раководство какво што му доликува, многу од проблемите ќе беа надминати во од, екипата ќе изгледаше многу подобро на терен и во директните пресметки со ривалите за опстанок ќе избореше опстанок. За жал, МЗТ немаше директор со менаџерски способности и искуство, го имаше Филип Ѓоревски, човекот кој не беше ни прв избор, но по некои свои линии истурка да застане на чело на аеродромци.

За грешките во работата на овој пишувавме многу и претходно, но еве мал рекапитулар:

  • Визија за изградба на еден нов МЗТ со нова генерација млади и домашни играчи – изјава за официјалната веб-страница на клубот: Во сениорската екипа, пак, приоритет ќе биде формирање состав во кој ќе се најдат седуммина од најдобрите домашни играчи во државата, надополнети со тројца млади репрезентативци и три до четири екстра-квалитетни странци.  (сегашна состојба: Од домашните играчи во последните месеци минутажа имаа само Војдан, Дамјан и Крстевски, Робев речиси и да не влезе во игра во АБА откако Николиќ е тренер. Шест странци: Абу, Кук, Кефи, Вер, Бурсаќ и Миќовиќ)
  • Гордост како клуб во кој играат најголем дел од репрезентативците (актуелна состојба: Си заминаа Магдевски и Мекиќ, дојдоа играчи од САД..).
  • Гордост како клуб што им дава шанса на македонски тренери (Актуелна состојба: Почна со домашен стратег, сезоната ја заврши со странец, кој во половина изјави се фалеше дека е македонски зет.
  • Заминување на Бре Ајви поради финансиски проблеми и доцнење на плата (фактичка состојба: Само еден ден откако си замина Ајви, остатокот од тимот доби плата. Тој пак донесе нов Американец за повеќе од двојно поголема плата од играчот кој беше дел од ланскиот шампионски тим на МЗТ. Да потсетиме, Ајви си замина неколку дена пред клучниот меч на домашен терен со Борац Чачак, а Вер не беше доведен навреме за да настапи на тој дуел).
  • Кошаркарот со најголема пазарна вредност во моментот, Турчинот Хигитоглу, беше потпишан по долги преговори, под услови какви што Ѓоревски самиот бараше (Фактичка состојба: Имаше дури и личен состанок во Скопје со скаут на НБА-клуб, но како „умешен директор“ го потпиша Хигитоглу со излезна клаузула на неколку месеци. Тоа се вика играње на „ситно“ за да си ги вратиш парите, наместо да ја гледаше пошироката слика и да се обидеш да заработиш многу повеќе, за да не зависиш целосно од општината и од ваучерот).

Ако беше обезбеден опстанокот во АБА, можеше да се каже дека целта ги оправдува средствата, но вака…

Освојувањето на двојната круна е приоритет, но и нешто што со оглед на моментниот квалитет на ростерот во однос на ривалите не смее да биде алиби за сите разочарувања во АБА.

А ако нешто треба да се издвои за вториот дел од сезонава, тоа е дека МЗТ најдобриот меч на гостински терен го одигра под водство на помошниот тренер Васко Атанасов. Затоа, кога ќе се менува директорот (според она што го имаме како инфо, на крајот од сезонава) со него во пакет нека оди и тренерот, бидејќи МЗТ веќе во стручниот штаб веќе има стратег што може да ја води екипата во АБА2 и да ги брани трофеите на домашната сцена.

МЗТ Скопје е апсолутен бренд во македонската кошарка во последната деценија, со девет титули во изминатите десет години, со огромни шанси „десетката“ да биде заокружена за нешто повеќе од еден месец. Овој клуб не е само аеродромска гордост, туку колектив кој со години наназад ја претставува македонската кошарка во регионот. И ако онаа ланска промоција во АБА1 беше причина за искрена радост на сите искрени македонски кошаркарски фанови, на истите нив сега им е јасно дека ќе следи нов период на сивило,  со оглед на реалната фактичка ситуација – годините минуваат, а се помалку домашни играчи можат да настапуваат на нивото на елитното регионално натпреварување, а без квалитетни домашни кошаркари, многу е тешко да се стигне назад до АБА1.

Затоа, треба што поскоро да се сврти нов лист, со управа која нема да биде слаткоречива, туку подготвена за макотрпна работа. Бидејќи тоа е единствениот начин со кој МЗТ Скопје може да се врати онаму каде што му е местото – во АБА1.

Токму поради тоа, директорското место никако не смее да биде „мираз за зетот“, како што е случајот сега, но рака на срце многу слично беше и со претходниот директор. И време е тој тренд да биде прекинат, со вистински луѓе со менаџерски способности на чело на актуелниот шампион на Македонија.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Бисинов го води орото во прволигшакиот плеј-оф, голема борба за второто место

Со натпреварот меѓу Радовиш и Македонија ЃП беше...

Дали се’ уште ќе го оцрнуваме „македонскиот национал романтизам“ од АСНОМ-скиот период? – Denesen.mk

Јованка КЕПЕСКА Дали приодот кога се вложени како национални заложби...

Алборг задржа една ѕвезда | 24 РАКОМЕТ

Официјалниот сајт на данскиот Алборг информираше дека е...

Moscow Attack Means More Tajiks Will Suffer for Alleged Actions of a Minority

Two days after the horrific attack on Crocus City...