Начевски и Божиновски со голем предизвик – ќе судат на Арапското првенство за кадети!

Македонската судиска двојка Виктор Начевски и Даниело Божиновски ќе имаат нов голем предизвик во кариерата.

Тие добија делегирање од Светската ракометна федерација и ќе судат на Арапското првенство за кадети што ќе се игра следната недела.

Овој шампионат ќе биде на програмата од 21 до 30 април во градот Казабланка во Мароко.

Начевски и Божиновски добија ИХФ значка пред две години и во кариератa судеа на СП за кадетки, СП за младинци, потоа на првенство за земјите во развој…

Покрај ИХФ, тие имаат и ЕХФ значка и активни се во Европскиот Куп, Лигата на Европа, како и на репрезентативните натпревари…



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

КАДЕТИ Ф4: Бисинов – Сите учесници се фаворити, победник ќе биде најквалитетниот тим!

Завршниот турнир во машка кадетска конкуренција ќе се...

Историја за Чаир – првпат ќе се бори за трофеј во Купот

Екипата на Чаир се избори за финале во...

Кипријановска со Ле Самбр Авенуа обезбедија пласман во француската елита

Македонската репрезентативка Јована Кипријановска со екипата на Ле...