Некогашен десен бек на Металург со „рестарт“ на кариерата

Иако минатата година среде сезона реши да ја заврши активната кариера, Марко Бувиниќ ќе се врати на терените.

Хрватскиот десен бек, кој своевремено го носеше дресот на Металург, ќе заигра за тимот на Умаг од хрватскиот шампионат.

Искусниот Бувиниќ, во летото 2021 потпиша договор со романската Констанца, но го одработи само половина и во февруари 2022 објави крај на кариерата.

Сепак по пауза од година и половина, десниот бек одново ќе игра ракомет. Бувиниќ за екипата на Металург играше две сезони, 2014/15 и 2015/16.

Во својата кариера освен за Металург, настапуваше и за екипите на Пореч, Умаг, Брегенц и Нексе.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Бикоски: Знаеме кој е Вардар, но ние нема да се предадеме!

Ракометарите на Прилеп денес на свој терен ќе...

Zašto balkanski žestoki momci i dalje podržavaju Putina

ONOG momenta kad je ruski...

Парондо и Мелсунген се хит – имаат седум од седум во Бундес лигата!

Бундеслигашот Мелсунген ја продолжи победничката серија во Бундес...