Документарецот за Дарко Панчев доби наградата за најдобар филм на Филмскиот фестивал „Златибор 2023“

Документарниот филм за македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев – „Патот на Кобрата до ѕвездите“, е прогласен за најдобар филм за личност во спортот на 12. меѓународен фестивал за спортски филмови во Златибор.

Панчев доби ѝ признание за животно дело за исклучителен придонес во спортот, а наградите во негово име ги подигнаа сопругата Маја и ќерките Надица и Марија.

Прекарот „Кобра“ за Дарко Панчев се однесува исклучително за фудбалот, бидејќи во играта се истакнуваше со недостижно брзи потези кои продуцираа неповториливи голови. Во неговиот реален живот, надвор од фудбалската магија, тој е стандард, мерило за наклонетост и пријателство, прво во семејството и секаде каде што животот го носи, како плима на добрина. Затоа го препорачуваме овој филм како лек против актуелната стварност, која е во сериозен недостаток на основни човекови вредности“, истакнаа членовите на жирито на фестивалот.

На фестивалот награден беше и филмот „Среќна 13-ка“, во продукција на МРТ, кој беше посветен на ликот на Благоја Георгиевски – Буштур. Режисерот Тони Ристовски го прими признанието за најдобра режија.

На фестивалот во Златибор учествуваа преку 40 филма, од 20 земји.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...

Николов и Начевски со голем предизвик – ќе судат дуели за титула во Саудиска Арабија!

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред...

Колумна: Мицкоски Versus Мицотакис – OhridNews

Абре таман сиромајот се фати на орото одма се...

Металург Автокоманда ја задржа перспективната Беровиќ

Share Левиот бек Таида Беровиќ и во следната сезона...