„Нула“ под Шара, Струга останува „перфектна“ – Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

====================================

ТИМ НА 8. КОЛО

Шкендија и Шкупи одиграа дерби без голови (0-0). Двата тима освоија по бод кој не е доволен ниту за едните, ниту за другите. Домаќините може да жалат што не стигнаа до полн плен, бидејќи неверојатниот Кристијан Наумовски на голот на Шкупи имаше неверојатна партија, поради која го доби и „епитетот“ фудбалер на рундата во ПМФЛ. Струга Трим и Лум продолжува со победите и пред репрезентативната пауза останува максимална, откако славеше со рутински 2-0 на домашен терен против Тиквеш. И покрај смената и доаѓање на клупата на Александар Васоски, Академија Пандев продолжува со поразите. Овој пат подобра од струмичани беше Македонија ЃП со минимални 0-1. Брегалнциа одигра реми без голови против Скопје, а Работнички славеше со минимални 1-0 над Победа.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Кристијан Наумовски (Шкупи) 

Шекндија може да жали што не стигна до полн плен, бидејќи неверојатниот Кристијан Наумовски на голот на Шкупи имаше неверојатна партија, поради која го доби и „епитетот“ фудбалер на рундата во ПМФЛ. Искусниот голман со неколку феноменални интервенции е главен виновник за освоениот бод на Шкупи на тешкото гостување во Тетово.

================================

Муарем Бајрами (Македонија ЃП)

Македонија Ѓорче Петров излезе од лошата форма со голема победа на гостувањето кај Академија Пандев од 0-1. Муарем Бајрами на одличен начин го постави својот тим, надигрувајќи го својот колега од другата страна Александар Васоски.

==============================

 

ГОЛ НА КОЛОТО: Кристијан Стојкоски (Македонија ЃП) 

Македонија Ѓорче Петров стигна до важни три бода откако славеше на гостувањето кај Академија Пандев со 0-1. Најзаслужен за трите бода за „лавовите“ е Кристијан Стојкоски кој на неверојатен начин го матираше голманот на домаќините.

=================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

==================================

ФОТО НА КОЛОТО: Играш фудбал, остануваш без прозор



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Соиграч на Филип Талески пред преселба во Партизан

Тимот на Партизан за следната сезона создава тим...

Фуксе Берлин по долга пауза се враќа во европската елита

На неколку кола пред крајот во најквалитетната лига...

Не го однесе клубот на Ф4 во ЛШ, па си заработи отказ

Скапиот проект на ЧСМ Букурешт петта сезона по...

Три екипи во битка за директен опстанок во елитата

Утре со натпреварот меѓу Скопје и Мулти Есенс...