Стани Таче, да те види народ – Kurir.mk

„Секој ден, во секој поглед, се повеќе напредувам! Секој ден, во секој поглед, се повеќе напредувам! Секој ден, во секој поглед, се повеќе напредувам!…“ Ова пред огледало секој ден по цел еден час по урнекот на Славко Штимац го практикувал  Таче викан Ќуран. Причината била едноставна, Ковачевски бил се’ посамозадоволен од сопствениот митингашки перформанс. Абе, лом правел по салите полни со лукративни комуњари, бербат. Или, барем, така му кажувале. И немало ден да не тресне по десетина зелени, а како минувало времето, наместо да намали со гафови, тој го „прошишал“ и Црпко. Ќуран се повеќе и повеќе ги тресел. Терал, нон-стоп во петта. Станал фабрика за црни бисери, киксови и ступидни гафови. Феноменот на СДСССС престолонаследникот…

Веројатно и пи-ар тимот на Ковачевски се откажал од оправање. Виделе дека нема спас, дека ова не се поправа, суртукот немал исав, а тие не биле магионичари, нели?

Математиката е јасна, кога ќе ставите на позиција човече во 10 броја поголеми кондури, го добивате очекуваниот резултат. Го добивате Таче, изгубено во вселената ликче кое насила мора да изигрува лидер, немтур кој треба да глуми хумористичен тип, човече од кое без трошка харизма во него треба да создадете политичар со имиџ на државник, асоцијален суртук кој треба да биде двигател на маси, наттурен затутулен-замумулен ајван кој треба да ви ували Бугари во устав и да продаде историја и идентитетски одредници?!?!? Со речникот на неговиот ментор и идол, Заев: МАЛО СУТРА!

Така и Таче, од кого државник не бива, исто како што од секое гранче не бива свирче. А сето ова да ти се случува во државата во која хејтерчето Славјанка викана Цаци по налог на Таче станува за да ја види сала. Госпожата која со орните акции против политичките опоненти во кои не покажа трунка скрупули и срам заслужи да стане прв човек на одбраната на истата таа земја чие име се срамат да го кажат?! Ама да ти била многу вредна, за СДСССС барем…

Да, и вие мислите дека ова што се случува е само еден лош, грд, антимакедонски сон, кој кога ќе се разбудите ќе исчезне. Ќе остане само грдиот вкус и спомен на една невкусна политичка пародија. Басна за една  ќурка. Кумановска. А мисир ко мисир, мислел дека се’ што лета се јаде. Историја, особено. И така, истата таа мисирка ја избрале да биде премиер и да ги дозакопа Македонците. Ама тоа не било сон, туку грда реалност, вистина за државата коај станала оаза на неспособните, арогантни, анационални и амбициозни хохштаплери.

А што да очекувате од протекторат кој глуми држава и чиј прв човек и демек претседател откако ќе каже дека ако не бил претседател би се отселил, сега  порачува дека никогаш не би пуштил свое дете во студентски дом, затоа што таму условте биле ужасни?!?!? Алоооо, а децата што се таму што се, избркани од дома, втора класа, нивните татковци не се есдесовци и дуевци ли? А ти Стево, ти си портир во СДСССС или претседател? Што ти стори за да го прекинеш овој ужас кој самиот ти го констатираш? Ништо, апсолутно ништо. Затоа молчи си или како Таче побратимот ти кој виде како ти помина по глупата изјава, кажа дека као демек ќе го пушетел своето дете во студентски дом?! Пак, МАЛО СУТРА, демагози и дилајли популистички и елитистички, нафатирани ко бродови. Демек, Ќуран бил дел од народот. Од народот може само комплекси да имате, набивани уште од „девојчиња“, па сега сте израснати во вакви асоцијални опортунистички олупини спремни без срам да ја продадат и сопствената мајка и татковина само и само да бидат на власт. И ја продавате…

И бадијала опозицијата ги тепа со повеќе од два : еден во рејтинг, човечето кое никогаш не ни сонува дека некогаш ќе биде премиер нема да го пушти џек-потот кој не случајно му го намести идолот Заев. Ова ликче ќе ги пролонгира редовните,  а не пак да се согласи за него политички самоубиствени предвремени паралемнтарни избори.

Славјанка стана на команда. И салата ја виде.

И би салата, шопска.

Епа. Ајде Таче, ако си маж, стани, дигни се на избори да те види народ!

 

Да, попрво Али јавно ќе прозбори македонски и Заев ќе каже МАКЕДОНИЈА…



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

How Ukraine Is Weakening Russia’s War Machine

Over the past several months, Ukrainian drones have penetrated...

Како јас ја разбирам „Македонија твоја“!? – Denesen.mk

Јованка КЕПЕСКА Македонија твоја ја разбирам како слободно дејствување и...

Македонецот не може да го поднесе погледот на секој што го прави немакедонец! – Denesen.mk

Бранко САРКАЊАЦ Сликајќи го портретот на граѓанинот на FYROM јас...