ОХРИД 2023: Металопластика – двократниот европски шампион на сериозен испит покрај езерото

Од 23 до 26 август во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одржи второто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ со учество на осум екипи. Покрај домаќинот Охрид, од Македонија ќе играат екипите на Голден Арт, Бутел Скопје и шампионот Еурофарм Пелистер, додека од странство ќе дојдат турскиот Бешикташ, грчкиот Олимпијакос, српската Металопластика Шабац и словачкиот Татран Прешов. 24Ракомет Ви ги претставува сите учесници…

Еден од учесниците на второто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ е некогашниот двократен европски шампион Металопластика. Тимот од Шабац и во новата натпреварувачка сезона ќе се обиде да се замеша во борбата за титулата на домашна сцена.

Металопластика минатата сезона во најквалитетното натпреварување во Србија заврши на 3. позиција и повторно избори настап на европска сцена. Шампионот на Европа од 1984 и 1985-та година ќе биде дел од Европскиот Куп и во рамки од второто коло во третото по квалитет европско натпреварување ќе се соочи со шампионот од Кипар, Фамагуста.

Амбициите на клубот во споредба со минатата сезона остануваат исти, настап во плеј-оф фазата и борба за шампионската титула, но и солидно претставување на европска сцена.

Дуелите на турнирот во Охрид ќе бидат вистински тест за избраниците на Матиќ. Металопластика за конкуренти за титулата во Србија ги има уште актуелниот шампион Војводина, вицепрвакот Партизан, амбициозниот Динамо Панчево, тука е и незгодната Црвена Ѕвезда…

Тимот предводен од Владан Матиќ во досегашниот период од подготовките одигра неколку контролни дуели, тестираше и против Бутел Скопје, клуб со кој повторно ќе ги одмери силите на турнирот во Охрид.

Клубот за новата сезона се засили со младинските репрезентативци на Србија, левото крило Урош Симиќ и Игор Миловановиќ, потоа со довчерашниот член на Прилеп, Мириами Гавашелишвили, кружниот напаѓач Домагој Алиловиќ, десниот бек Лука Јевтиќ и со двајцата играчи на Војводина, Вукашин Павловиќ и Андрија Ласица.

Од Металопластика си заминаа неколку играчи, меѓу нив и левото крило Марко Срдановиќ и Лука Иваниќ ко ги засилија редовите на Вардар, односно Бутел Скопје.

Српскиот претставник на турнирот во Охрид ќе настапи во група со Татран Прешов, Бутел Скопје и актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер. Во зависност од резултатите во групата, Металопластика на 26 август ја очекува дуел за пласман.

Натпревари на Металопластика на турнирот „Крсте Андоновски Усташ“

23/08, 20:15 часот, Татран Прешов

24/08, 11:00 часот, Бутел Скопје

25/08, 18:00 часот, Еурофарм Пелистер

26/08, за пласман

Повеќе детали за турнирот во Охрид 2023, вести, табели, резултати, претставување на екипите, распоред на натпреварите,… ќе можете да најдете во делот посветен за турнирот на www.24rakomet.mk во главното мени на страната што ќе биде активен во вторник на 22 август 2023.

.

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.

ОХРИД 2023: Голден Арт – дузина млади ракометари желни да го покажат својот квалитет

ОХРИД 2023: Бутел Скопје – со реновиран тим по нови успеси



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Квартет засилувања за враќање на старите европски патеки

Словенечкиот првак Крим по Ана Грос, Грас Заади,...

Легендарната Луминица Дину по долго време повторно во Скопје

Легендарната романска голманка Луминица Дину, по подолго време...

Силен турнир во Добој: Пелистерци ќе тестираат против Веспрем, Барса, Загреб…

Еден од најстарите ракометни турнири во Европа заедно...

ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше од лутиот ривал, Арсиќ останува во Шабац

<!-- ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше...