OХРИД 2023: Познати официјалните лица – еве кои судии и делегати ќе бидат дел од меморијалниот турнир

Од 23 до 26 август во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одржи второто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“.

Ќе играат осум екипи, секој ден ќе се играат по четири натпревари, а нив ќе ги судат осум судиски двојки, меѓу кои ќе бидат и најдобрите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Тука се уште Вукашиновски-Трајковски, Кркачев-Колевски, Седлоски-Ангелески, Георгиевски-Георгиевски, Јовановски-Андонов, како и Лела Јашар и Михаела Капсарева.

Меѓу делегатите ќе бидат Славчо Ристески, Славчо Каланоски, Игор Огненов, Илија Цветкоски, Ацо Николовски, Душко Камишевски и Камер Металари.

Во групата А ќе играат екипите на домаќинот Охрид, Бешикташ, Голден Арт и Олимпијакос, додека во групата Б се наоѓааат екипите на Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер, Татран Прешов и Металопластика Шабац.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ