Охрид ќе биде домаќин на пионерскиот Ф4 – познати се полуфиналните двојки!

Во недела Охрид ќе биде домаќин на завршницата во пионерската машка лига, во која актуелен бранител на титулата е тимот на Аеродром. Освен ланскиот финалист, учесници на годинешниот Ф4 ќе бидат уште и Струга, Алкалоид и домашната екипа на Охрид.

Сите натпревари ќе се одиграат на 12 мај во спортската сала „Билјанини Извори“, а охридската публика ќе може на дело да ги види квалитетите на дузина млади ракометари кои се иднината на македонскиот ракомет и кои би биле големи ѕвезди доколку се работи доста посветено со нив, а и самите тие продолжат напорно да работат..

Во првото полуфинале ќе се сретнат Охрид и Струга, додека второто полуфинале ќе биде со „скопски шмек“, бидејќи ќе играат Аеродром и Алкалоид. Победниците од двете финалина ќе се борат за титулата, додека поразените ќе играта за утешното трето место, односно за бронзениот медал. Од лани, единствено Аеродром повторно игра на Ф4 турнирот, а другите три екипи сезонава изборија место меѓу најдобрите.

Екипите на Аеродром, Охрид и Алкалоид директно се пласираа на Ф4 турнирот, како победници на своите групи. Струга прво играше бараж меч со Еурофарм Пелистер, и откако победи во вториот бараж стружани беа подбри од тимот на Куманово.

Распоред, Ф4 – пионери:
НЕДЕЛА – 12.05.2024
Полуфинални мечеви
12:15 – Охрид – Струга

14:15 – Аеродром – Алкалоид

17:45 – меч за 3 место

19:30 – финале



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ