ПИК Сегед за малку ќе направеше од „готово – вересија“ против европскиот вицерпвак

Екипата на ПИК Сегед откако во претходното коло беше поразена на гостувањето во Загреб, денес пред својата публика славеше над европскиот вицепрвак Келце со 26:25 во натпревар од 11. коло во Лигата на шампионите. Првиот дуел меѓу двете екипи заврши без победник, 27:27.

ПИК Сегед со денешниот триумф дојде до 11 бода на свое конто и се вклучи во трката за едно од првите две места во групата А. Унгарскиот тим во следното, 12. коло, ќе гостува кај норвешкиот првак Колстад.

Домашниот тим освен во воведниот дел, во кој резултатската предност ја имаше гостинот од Полска, беше поконкретен во остатокот натпреварот. На полувреме резултатот беше 15:11 во корист за ПИК Сегед и овие четири гола разлика изгледаа недостижни за Келце, бидејќи во второто полувреме влезе до 50 минута никако не можеше да заигра според посакуваното.

Сепак, тимот на ПИК Сегед  во финишот од натпреварот можеше да направи од готово вересија. По водството на ПИК Сегед од 24:19, избраниците на Душебаев намалија на 24:22 докажувајќи дека ништо не е готово.

Овие два гола разлика останаа речиси до последната минута, гостинот успеа да намали на минус еден, но не и да се избори за нерешен резултат.

Најефикасни во победничката екипа со по четири погодоци беа Деан Бомбач, Бенце Банхиди, Марио Шоштариќ и Иманол Алустиза. Кај Келце прво име беше Алекс Душебаев со шест погодоци.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Познати се шеширите пред ждрепката и во женската елита

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денес ги објави  шеширите...

Еурофарм Пелистер во третиот шешир – еве ја процедурата пред ждрепката за ЛШ

Европската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката...

Attacks in Dagestan Will Marginalize and Endanger Russia’s Muslims. Further.

From the Republics is a new weekly column from...

Младинците на две контроли со Грција

Во рамките на подготовките за настапот на Европското...