„Пласманот во Супер лигата е своевидна историја за Аеродром“

Ракометарите на Аеродром утре со дуел против Куманово ќе го започнат дебитанскиот настап во Супер лигата.

Аеродром пласманот во суперлигашкото друштво го обезбеди, откако во Првата лига, односно во прволигашкиот плеј-оф заврши на 2. позиција.

Голманот Марко Богдановски вели дека историскиот успех на клубот, кој бележи одлични резултати во младинските категории, е своевидна историја за Аеродром, но и за сите играчи во тимот.

„Пласманот во Супер лига е своевидна историја за Аеродром, но и за сите нас како играчи. Изминатите години имавме многу тажни и среќни моменти заедно, и така создадовме една хомогена екипа. Хемијата помеѓу играчите и стручниот штаб е на врвно ниво и мислам дека тоа е причината што направивме голем успех. Како тим составен единствено од македонски играчи, можам да кажам дека Првата лига е извор и рудник на многу млади и талентирани играчи, кои подоцна преминуваат во нашите суперлигашки екипи или заминуваат во странство”.

Богдановски: Желни сме за докажување – ги почитуваме сите, но од никој не се плашиме!

 

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Енрике вели повредата на Мбапе не е многу сериозна, но болката му отежна да игра

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике, проговори за повредата...

Бајден предупредува дека „милиони ќе гладуваат“ ако „се затвори“ владата на САД

Американскиот претседател Џо Бајден и еден од неговите главни...

Почина славниот Дејвид Меккалум – METRO.mk

Шкотско-американскиот глумец Дејвид Меккалум, можеби најпознат по улогите на...

Сончево со мала облачност, температурата до 30 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена...