Почетокот на сезоната најави: Ќе гледаме возбудлива борба за плеј-оф

Првото коло од новата сезона во суперлигашката конкуренција на Македонија е речиси комплетирано, останува само да се доигра само одложениот дуел меѓу вечните ривали Вардар и Еурофарм Пелистер. Дуелот меѓу битолскиот тим и црвено-црните“ ќе се игра на 17 септември во СЦ „Јане Сандански“.

На првите седум одиграни натпревари од првото коло, најголемо и најпријатно изненадување направи екипата на Прилеп, која пред своите навивачи во интересен дуел славеше над Бутел Скопје со 28:27. Двете екипи, кои во новата сезона влегоа со изменет состав и со нови тренери, на прилепчани им понудија квалитетен ракомет и голема драма.

Ракометарите предводени од Божидар Мојсов, кој дебитираше со три бода, во финишот направија херојски пресврт и со голот на Рајатоски победија. За Бутел имаше кратко време за напад, кој не беше реализиран и домашната радост можеше да почне.

Прилепчани ем подновени, ем поамбициозни, докажаа дека на свој терен ќе атакуваат на победа против сите, па и против оние екипи од горниот ешалон. Управата на Прилеп одлично го склопи играчкиот мозаик и засилувањата блеснаа на првиот дуел. Седум гола за победничката екипа имаше Владан Кастратовиќ, шест даде Томислав Квастек, додека Леван Имнадзе беше стрелец на пет погодоци во триумфот над Бутел Скопје.

Интересен дуел се одигра и во Автокоманда каде Голден Арт го совлада дебитанот Мулти Есенс со 26:25. Најзаслужен за победата на Голден Арт беше искусниот голман Златко Даскаловски, кој зад своето име запиша дури 20 одбрани. Двете екипи покажаа дека имаат на располагање дузина млади ракометари кои се желни да го покажат најдоброто од себе. Голден Арт веќе станува еден од факторите во македонскиот ракомет, па со овој триумф најави дека се кадарни да влезат во борбата за плејоф.

Улогата на фаворити во првото коло, покрај Голден Арт, ја оправдаа уште Охрид со триумфот во езерското дерби против Струга, потоа Алкалоид и Пролет, кои имаа лесна задача против Скопје, односно Вардар Неготино, и Тиквеш со победата над Еурофарм Пелистер 2.

Вториот дебитант, тимот на Аеродром славеше на гостувањето во Куманово кај истоимената екипа. Аеродромци иако како дебитанти беа аутсајдери, сепак, предводени од Наум Костов и Виктор Трифуноски, двајцата постигнаа по осум погодоци, го изненадија поискусниот противник и победија со 34:32. За Аеродром победата над Куманово ќе биде дополнителна мотивација за следните суперлигашки дуели.

Супер лига, 1. коло, резултати:

Група А

Скопје – Алкалоид 21:40 (ИЗВЕШТАЈ)
Струга – Охрид 17:25 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Аеродром 32:34 (ИЗВЕШТАЈ)
Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 28:26 (ИЗВЕШТАЈ)

Група Б

Пролет – Вардар Неготино 35:21 (ИЗВЕШТАЈ)
Мулти Есенс – Голден Арт 25:26 (ИЗВЕШТАЈ)
Прилеп – Бутел Скопје 28:27 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Еурофарм Пелистер (17.09.2023)

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николив и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку сезона одлучи правдата...

Колку заработија екипите што играа во ЛШ?

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во изминатата сезона подели...

United in Isolation, Putin and Kim Keep the World Guessing About Their Sanction-Busting Plans

Nearly a quarter-century after his last visit to Pyongyang,...