Покана на Мадона до Бритни Спирс за легендарно обединување на сцената

Се чини дека кралицата на попот, Мадона, има нова ставка на списокот со задачи: да ја врати Бритни Спирс во центарот на вниманието заедно со неа на турнејата „Celebration“.

Според ексклузивните извори до кои дојдоа Пејџ сикс, Мадона подготвува план на сцената да ѝ се придружи новопечената сингл пејачка Бритни Спирс за време на турнејата која ја подготвува. Двете се другарки подолго време, а гласините велат дека тие дури имаат и ист агент.

Се сеќавате на оној легендарен момент кога Мадона, Бритни и Кристина Агилера се бакнуваа на сцена за време на доделувањето на видео музичките награди MTV во 2003 година? Сега, Мадона сака да ја оживее таа магија со заеднички дует со Бритни. Инаку, тие ја слават 20-годишнината од нивната хит соработка, „Me Against the Music“, објавена во октомври 2003 година.

Последниот месец беѓе прилично тежок и за двете поп легенди. Мадона се врати назад по престојот во болница откако беше дома најдена без свест, докажувајќи дека ништо не може да ја спречи. И Бритни, принцезата на попот, се соочува со неодамнешниот развод од Сем Асгари. Но, поговорката вели: „Она што не те убива те прави посилен“, а Бритни е подготвена да ја ослободи својата креативна моќ.

 

Додека по оваа вест јавноста е во исчекување, да се потсетиме дека Бритни е надвор од играта за јавен настап од 2018 година. Сепак, според извор близок на Page Six, таа планира нов албум, и веќе се зборува за потенцијално враќање на сцената. Доколку се случи овој спектакл Спирс-Мадона, тоа би можело да биде поп настан на векот!

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Француски документарен филм за конфискуваната колонијална уметност е победник на Берлиналето

Добитник на Златната мечка за најдобар филм на овогодинешното...

Дивата од модните писти слави 58 роденден: Се трудам да бидам добра

– Благодарна за уште еден сет роденденски свеќички –...

Големо невреме зафати делови од БиХ – училишта и болници останаа без покриви

Силно невреме придружено со силен ветер во текот на...

Димитриевски: ЗНАМ нема да поддржи избор на претседател во Собранието

Вакви барања секогаш доаѓаат во предизборен период, и наводно...