Познати групите за Светсткото првенство за кадетки што ќе се игра во Кина

Покрај ждрепката за младинското СП во Македонија, се одржа и ждрепката за кадетското СП во Кина.

Мундијалот за кадетки ова лето ќе се игра од 14 до 25 јуни во Чужу, а ќе играат 32 селекции.

Шампионот Кореја, кој ја освои титулата во Скопје пред две години ќе игра во групата Ц со Јапонија, Холандија и Канада.

Групата Г со сигурност ќе биде интересна бидејќи има три европски селекции – Романија, Шпанија и Швајцарија, заедно со африканскиот првак Египет.

Домаќинот Кин ја одбра групата Е, каде што ќе играат со светскиот вицепрвак Данска, Кинески Тајпеј и Гренланд.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ