Познати сите сатници на дуелите од ЛШ на пелистерци до крајот на годината

Европската ракометна федерација ги потврди датумите и саатниците на првите десет кола од Лигата на шампионите, односно на оние натпревари што ќе се играат до крајот на 2023 година.

Претходно беа познати на првите четири кола, а сега е комплетиран распоредот и навивачите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер веќе може да се подготвуваат за натпреварите.

Битолчани претстојниот викенд ќе одиграат два меча на „Купот на пријателството“ во организација против Веспрем и против Војводина или Мешков Брест, па следува Супер Куп дуелот со Вардар пред стартот на ЛШ.

Прв гостин во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе биде норвешкиот првак Колстад на 13 септември од 18:45 часот.

Најелитното натпреварување за оваа година ќе биде затворено со натпревар против Загреб на 7 декември исто така во Битола, од 18:45 часот.

Лига на шампиони, распоред:

13/09/2023, 18:45, Еурофарм Пелистер – Колстад
20/09/2023, 20:45, Алборг – Еурофарм Пелистер
27/09/2023, 18:45, Еурофарм Пелистер – Кил
12/10/2023, 20:45, ПСЖ – Еурофарм Пелистер
19/10/2023, 18:45, Загреб – Еурофарм Пелистер
25/10/2023, 20:45, Еурофарм Пелистер – Келце
16/11/2023, 18:45, ПИК Сегед – Еурофарм Пелистер
22/11/2023, 18:45, Еурофарм Пелистер – ПИК Сегед
30/11/2023, 20:45, Келце – Еурофарм Пелистер
07/12/2023, 18:45, Еурофарм Пелистер – Загреб
14-15/02/2024, ??, Еурофарм Пелистер – ПСЖ
21-22/02/2024, ??, Кил – Еурофарм Пелистер
28-29/02/2024, ??, Еурофарм Пелистер – Алборг
06-07/02/2024, ??, Колстад – Еурофарм Пелистер



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...

ИЗБЕРИ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)

Зад секој успех на тимот стојат и поединци...