Познато е кога Ѓорче Петров ќе биде крунисан за шампион

Ракометарките на Ѓорче Петров трета година по ред успеваат да ја одбранат шампионската титула во националниот шампионат.

Ѓорчепетровки сезонава го освоија и Куп трофејот, во Европскиот Куп стигнаа до четвртфинале, па така составот на Симе Симовски во целост ги исполни зацртаните цели.

Иако до крајот од Женската лига има уште две кола, тимот на Ѓорче Петров има недостижна разлика пред Металург Автокоманда и Чаир.

Ѓорче Петров во 25. коло на свој терен ќе игра против Астибо и на овој натпревар ќе биде крунисан за старо-нов шампион на Македонија.

Натпреварот е закажан за петок ( 24 мај) со почеток од 12:00 часот во спортската сала  „Христо Батанџиев“, а влезот за сите љубители е слободен.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

🎥ВИКЕНДОВ НА 24РАКОМЕТ…Играше само 180 минути за Кометал ЃП, а стана легенда во Македонија

Постарите генерации добро се сеќаваат на романската репрезентативка...

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со една промена, Миленковска ќе игра против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Полски клуб пред финансиски колапс!

Според пишувањата на „sport.tvp.pl“ тимот на Тарнов во...